На 23 јуни рускиот град Барнаул во Алтајскиот крај во Сибир беше погоден од бура толку силна што оштети згради и остави илјадници без електрична енергија.
Сведоците го нарекоа ураганот „апокалиптичен“. Откорна стотици дрвја и билборди, однесе покриви, собори далноводи и преврте автомобили.
Според извештаите, невремето оштети седум згради во градот и преврте еден кран, убивајќи го возачот. Крузер со 150 луѓе беше зафатен од бурата на реката Об – 15 лица беа повредени, но за среќа, бродот се закотви и патниците беа спасени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче