Масовен спуст во бикини: Погледнете како убавиците го топеа снегот на скијалиштето над Сочи

Артур Лебедев/TASS
Можете ли да замислите патека за скијање со речиси две илјади разголени скијачи? Имаме фотографии како доказ дека и тоа е можно во Русија.

За многу луѓе скијањето не е само рекреација, ами и можност да ја покажат својата модерна опрема. Сепак, понекогаш за впечаток се доволни само скии или сноуборд.

Токму ова се случуваше за време на фестивалот „Бугел Вугел“ во скијачкиот центар Роза Хутор покрај Сочи кој се одржа од 29 март до 1 април.

Луѓето се скијаа во карневалски костими, се занимаваа со многу други спортови, имаше и јога на снег и шах во боксерски ракавици. Но, најголем број луѓе учествуваа во скијањето во бикини.

Минатата година околу илјада луѓе учествуваа во овој необичен настан, а оваа година ги имаше речиси двапати повеќе – околу 1.800.

Гугел Вугел: заборавете на сите сомнежи и не срамете се! Постојат само планините, сонцето, снегот и сноубордот“, вели еден од учесниците.

Валкање по снегот без облека е исто така дел од забавата!

На сибирското скијалиште Шерегеш се одржува сличен фестивал во периодот од 6 до 15 април.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња