Социолозите спроведоа истражување за сликата која за својата нација ја имаат самите граѓани на Русија. Испитаниците добиле список од кој требало да изберат најмногу пет епитети кои, според нивното мислење, најдобро ги опишува Русите.
„Добиената ранг-листа на особини покажа дека основна карактеристика на граѓаните на Русија е гостољубивоста (неа ја издвоиле 45% од испитаниците). На второ место според резултатите од анкетата се наоѓа грижливоста (41%). Третото место го зазема срдечноста (33%), се наведува во материјалот од ВИЦОМ.
Според мислењето на испитаниците, меѓу петте најкарактеристични особености за руските државјани спаѓаат и великодушноста (26%) и комуникативноста (25%).
Меѓу маните според резултатите од анкетата на прво место е пијанството (16%), а на второ мрзеливоста (13%), додека 6% од испитаниците сметаат дека Русите не се дисциплинирани. По 5% од испитаниците ги наведуваат грубоста и лукавоста како главни мани на руските граѓани.
Серуската анкета „ВИЦОН-Спутник“ е спроведена на 23 и 24 мај и во неа учествувале 2.000 испитаници постари од 18 години.
На 10 јуни беше објавено дека социолозите бележат најголемо ниво на патриотизам во Русија од почетокот на векот. 92% од граѓаните на Русија изразија посветеност на својот народ и на својата татковина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче