Падот на рубљата предизвика една сосем необична реакција на руското општество: Русите се впуштија во купување мачки! Тоа е некоја засега необјаснива причинско-последична врска.
На рускиот веб-сајт за огласи „Јула“ тврдат дека побарувачката за мачки нагло скокнала.
„Продажбите го достигнаа врвот во вторникот, 10 април. Во споредба со 3 април се продадени 3,6 пати повеќе мачки. Во понеделникот на 9 април продажбата скокна за 213% во споредба со ситуацијата од 2 април“, покажува статистиката на „Јула“.
За два дена, од 9-10 април, преку наведениот сајт се продадени 4 пати повеќе мачки во споредба со претходната седмица. Русите бараа пред сѐ шкотски мачки (40%), британска кратковлакнеста мачка (26%) и мачки Мејн Кун (8%).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче