Ако го гледавте големото отворање на Кримскиот мост на 15 мај, веројатно забележавте дека претседателот на РФ Владимир Путин не го врза сигурносниот појас додека возеше камион преку мостот долг 19 километри. Овој прекршок реално се казнува со 1000 рубли (13,5 евра).
Федералната служба за обезбедување на Русија (која се занимава со прашањата на безбедноста на претседателот) објасни дека Путин го возел камионот КамАЗ преку мостот пред мостот официјално да биде пуштен во сообраќај.
„Мост е официјално пуштен во сообраќај на 16 мај во 05:30 часот. Додека на 15 мај претседателот учествуваше во свечениот настан: во церемонијата на отворање на Кримскиот мост. Мостот во тој момент сѐ уште не беше сообраќајница, туку градилиште. Сообраќајот на такво градилиште не подлежи на сообраќајните прописи“, објасни официјално лице од Федералната служба за обезбедување за Газета.ру.
Претходно рускиот пратеник Олег Хомутиников испрати официјално барање до Генералното обвинителство на Русија барајќи да се провери дали Путин прекршил некои закони, објавија локалните медиуми.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно изјави за медиумите дека Путин пред 20 години положил возачки испит за Ц категорија, што му дозволува да вози камион.
На 15 мај претседателот на Русија Владимир Путин го отвори Кримскиот мост долг 19 километри. Изградбата на мостот траеше две години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче