Две лисици и нивните четири младенчиња си најдоа дом покрај билетарницата на океанариумот на островот Руски (покрај Владивосток, 6400 километри источно од Москва).
Овие инаку плашливи животни во новото опкружување се охрабрија и секојдневно ги пречекуваат луѓето на паркингот на океанариумот барајќи некој залак. Мајката лисица потоа на своите деца им ја дели дневната добивка. Всушност, црвените дојденци станаа еден вид атракција. Некои луѓе доаѓаат на паркингот само за да ги нахранат.
Островот Руски е дом на многу лисици, а сѐ поголем број од нив се сместува поблиску до човечките населби. Властите ги предупредија посетителите на океанариумот да не им даваат на животните брза храна ниту слатки. Подобро е да им понудат месо или варени јајца.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче