Црвени срца проектирани на фасадата на зграда на улицата „Нови Арбат“ во Москва на Денот на вљубените.
Антон Новодережкин/TASSСакате да купите соба во рускиот главен град? Тоа задоволство може да ве чини неверојатни 14 милиони рубли (225000 долари). Соба на четвртиот кат на седумкатница на улицата „Нови Арбат“ во центарот на Москва, која се продава по оваа цена, има само 12 метри квадратни, велат податоците на агенцијата за продажба на недвижнини „Инком“.
Иако становите во Москва никогаш не биле евтини во споредба со другите делови на земјата, ваквото дивеење на цените во главниот град создава непремостлив јаз меѓу можностите и реалноста. Агенцијата „Инком“ наведува дека најевтината соба која се продава во предградието на Москва (во населбата „Нова Москва) чини 1,5 милиони рубли (односно 24000 долари). Ваквата бизарна ситуација со цените станува тренд и во другите големи руски градови. Според агенцијата „Лента“, станбениот простор во центарот на Санкт Петербург неодамна достигна два милиони рубли (32 000 долара), а притоа, верувале или не, се работи за само три метри квадратни.
Ова е реалноста која го надминува здравиот разум: најскапата соба во Москва 2 15 пати поскапа од најевтината гарсониера во предградието на рускиот главен град.
Веројатно се прашувате кој може да си го дозволи тоа (или кој воопшто би посакал) да купи толку скапа соба во заеднички стан, со оглед на тоа дека за тие пари може со децении да се изнајмува стан. Russia Beyond-Македонија не пронајде во целиот свет ниеден друг пример на луксузен живот во заеднички стан. Изгледа дека животот во заеднички станови е специфика на Русија, наследена од советскиот период.
Претходно пишувавме за тоа што значи за Русите животот во заеднички станови и верувајте: тоа не е ситуација во која некој повторно би посакал да се најде. Големиот број на соби, мирис на загорено масло во ходникот, утрински редици пред бањата, бучни состанари и што уште не. Всушност, сето она што можете да го очекувате ако живеете со група студенти. Со тоа што во советско време таков стан ви даваше државата, а денес за овој „луксуз” морате да се истргнете цели четврт милиони долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче