Атлет од Русија повлече брод во Владивосток и постави рекорд

Јуриј Смитјук/TASS
Иван Савкин, исто така, во минатото има повлечено авион, тенк и моторен кран.

Иван Савкин, шампион во пауерлифтинг и кревање на тегови од Далечниот Исток на Русија, го повлече бродот „Сергеј Гаврилов“ со тежина од не повеќе од 10500 тони на брегот на Владивосток.

Компанијата „Камчатка поморски транспорт“ (Kamchatka Sea Shipping Company) соопшти за обидот за рушење на рекордот. Савкин го влечеше 130 метри долгото пловило два метри само со помош на своите нозе.

Сепак, ова не е првпат човечката планина да повлече огромни возила. Во минатото тој помести брод од 7100 тони, тенк Т-34, борбен авион Сухој Су-27, пристанишен кран и друго.

Како изгледаше еден од наведените подвизи на Савкин, погледнете во Русин помести 312 тони тежок кран

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња