За добар предлог како полесно да се отстранат мразулците од покривите, властите на Санкт Петербург се подготвени да платат 1 милион рубли (14300 евра).
Фондот за поддршка и развој на програми за млади „Продвижение“ објави конкурс за иновативни начини за отстранување на мразулците и снегот од покривите на зградите.
Како што изјави претседателот на фондот Андреј Заикин, денес не постои совршен систем за отстранување на мразулци и снег.
„Постојниот систем на чистење на покривите од снег и мраз е застарен и нови решенија на тоа прашање едноставно нема“, вели тој.
На конкурсот можат да се пријават научници, инженери и претприемачи до 35 годишна возраст.
Најкреативната идеја во 2010 година ја имаше поранешниот губернатор на Санкт Петербург а сега претседателка на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко. Таа предложи мразулците да се отстрануваат со ласери. А да се удира со палки по нив е камено доба, рече таа. Матвиенко имаше уште една оригинална идеја: да се топат снегот и мразот на покривите со врела пареа.
На почетокот на февруари поради пад на мразулец загина, за жал, уште едно лице.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче