Карина Козлова, 14 години, е единствената ученичка во селото Појаконда во руската северна Мурманска област - единствениот проблем е што во нејзиното село нема училиште. Затоа таа мораше да оди со воз до соседното село Зеленоборскаја за да учи... но возот престана да поминува оттаму наутро, така што образованието на Карина беше загрозено.
„Нема автобуси до Зеленоборскаја. Има вечерен воз, но оди премногу доцна. Такси би чинело 1000 рубли (16 долари) за едно возење. Ние немаме толку пари“, изјави нејзината мајка.
Сепак, Ирина Агеева - раководител на локалниот оддел за образование - апелираше до Руски железници со барање да се врати железничката услуга од Појаконда за да може Карина да стигне на часовите навреме - и успеа. Сега возот Мурманск-Санкт Петербург посебно запира само за неа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче