Зграда во Русија изгоре „поради можно рударење на криптовалути“

Понекогаш рударењето криптовалути навистина може да ви го стави животот во опасност - и тоа е она што се случи во градот Артем

Понекогаш рударењето криптовалути навистина може да ви го стави животот во опасност - и тоа е она што се случи во градот Артем

Игор Руссак/Sputnik
Биткоинот не само што може да ви нанесе загуби, туку може да биде и причина за пожар.

На 6 февруари 2018 година настана пожар во градот Артем на рускиот Далечен Исток (6400 километри источно од Москва) во кој изгореа покривот и горните катови на една зграда. Никој не беше повреден, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот, но неколку домови беа уништени. Како што соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби, пожарот можеби настанал поради рударење на криптовалути.

„Во еден од становите најдовме опрема што изгледа како да се користи за рударење. Така што една од можните причини за пожарот може да биде тоа што електричната инсталација се прегреала“, изјави  официјален претставник. Покрај тоа, во текот на ноќта кога избил пожарот, еден жител забележал човек како бега од опожарената зграда држејќи во рацете нешто што личело на системски единици. Не е јасно кој е тој и никој не знае дали тој избегал или бил фатен од страна на полицијата.

Според локалниот медиум ПримаМедиа, луѓето пронашле уште опрема за рударење во изгорените станови, но властите сé уште го истражуваат случајот.

Прочитајте повеќе: Вработен на аеродром уапсен во Москва поради рударење на криптовалути

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња