Сибирски затвореници направија од снег „Топол-М“ во природна големина

Федерална служба за извршување на кривични санкции, Омск
Осудениците кои издржуваат затворска казна во затворот број 6 во Омската област во Сибир направија од снег ракетен систем „Топол-М“, се наведува на сајтот на регионалната управа на Федералната служба за извршување на кривични санкции.

Скулптурата во снегот ја правеа седуммина осуденици цели 15 дена.

И најмалите ситници се доловени максимално детално и верно, единствено што габаритите на скулптурата малку отстапуваат од оригиналната лансирната рампа сместена на возилото, така што должината е 13,5 метри, ширината повеќе од 3,5 метри, а висината 3,5 метри, велат од институцијата. 

За да се постигне поголема сличност со вистинското оружје, обоени се прозорците, тркалата и корпусот на возилото, а ракетниот систем „Топол-М“ е украсен со руското знаме.

Прочитајте повеќе: Каков е животот во затвор со максимално обезбедување во Русија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња