На сите им е интересно да изедат колаче додека никој не ги гледа. Една жена го направила токму тоа додека работела како чистачка во еден московски стан – но, ја чекало непријатно изненадување.
Сопствениците на станот штотуку се вратиле дома од патување во Холандија со еден куп сувенири – вклучувајќи и колачиња. Чистачката пробала неколку и завршила тркалајќи се чудно на подот, пренесува каналот Mash Telegram. Како што можеше да се претпостави, тоа не биле обични колачиња ... тие биле спакувани со канабис, а кутрата жена не паднала од смеа, напротив. Таа, всушност, добила труење од канабис и морала да биде однесена во болница!
Затоа, бидете внимателни што јадете, особено ако тоа го правите кришум.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче