На сајтот авто.ру на продажба е понуден редок кабриолет Rolls-Royce Silver Ghost во виолетова боја, произведен, како што се наведува, 1914 година. Продавачот тврди дека му припаѓал на Николај II и дека занимливостите поврзани со овој олдтајмер, воопшто не завршуваат со тоа. Наводно, по смртта на царот, колата преминала во сопствеништво на еден колекционер кој го изложил во своето казино во Лас Вегас.
Сопственикот на „императорскиот“ кабриолет станал, како што се наведува, повторно колекционер, но овој пат со дијаметрално спротивни склоности. Тој имено го чувал преубавиот автомобил, како што го нарекувал – бисерот – скриен во еден бункер во Германија. Децении по неговата смрт, сѐ до случајното откривање на бункерот, кабриолетот бил сметан за изгубен.
Споменатиот „Ролс-Ројс“ сега се продава по цена од 4 милиони евра и е најскапиот автомобил понуден на сајтот авто.ру.
Според експертите, овој автомобил не можел да биде во сопствеништво на Николај II. Докторот на историски науки и автор на книга за возниот парк на царот Игор Зимин изјави за порталот „Лајф“ дека во гаражата на императорот се наоѓале два автомобила марка „Ролс-Ројс“, но со друга година на производство.
Првиот автомобил, Rolls-Royce 40/50HP е купен 1913 година. Овој модел се произведуваше од 1906 до 1926 година, а во продажба се пуштени 7,9 илјади примероци. Во поново време моделот Rolls-Royce 40/50HP понекогаш се нарекува Silver Ghost што е погрешно, тоа е друга кола, рече експертот.
Тој автомобил по Февруарската револуција се најде во возниот парк на Привремената влада и беше користен како службен автомобил на Александар Керенски, шефот на таа влада. По Октомвриската револуција е префрлен во Москва во Совнарком.
Според Зимин, од 1921 година Rolls-Royce 40/50HP е евидентиран во гаражата за специјална намена во Кремљ.
Како што објасни тој, на листата на автомобили од императорската гаража се наоѓал уште еден Rolls-Royce 40/50HP, но произведен 1916 година, за кој нема податоци.
Според тоа тврдењата дека по смртта на Николај II неговиот „Ролс-Ројс“ го купил колекционер кој го изложил во своето казино во Лас Вегас не се вистините, нагласи Игор Зимин.
Тој додаде дека таквите измислени приказни за царот имаат цел само да привлечат внимание и да ја подигнат цената на робата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче