Путин им ја честиташе Новата година на граѓаните на Русија

Сергеј Гунеев/Sputnik
Рускиот претседател Владимир Путин во новогодишното обраќање им посака на сите граѓани успех и благосостојба, „мир и просперитет на нашата сакана и единствена Русија“.

Новогодишната честитка на претседателот на Русија први ја видоа жителите на Камчатка, пренесува агенцијата „РИА Новости“.

Путин потсети дека „Новата година кај нас, пред сѐ, е семеен празник“, кој се одбележува онака „како што беше во детството: с подароци и изненадувања, со посебна топлина, со очекување на важни промени“. Тој изрази уверување дека „тие задолжително ќе се случат во нашиот живот“, а за тоа е потребно „да се сеќаваме на своите родители, да ги чуваме и да го цениме секој момент поминат со нив“, како и „подобро да ги разбираме своите деца, нивните стремежи и соништа“. Покрај тоа, претседателот на Русија рече дека треба „да се поддржуваат оние кои се со нас и на кои им е потребна нашата помош и широкоградост“, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател истакна дека „едни на други треба да си ги кажеме најубавите зборови, да ги простиме грешките, заборавиме навредите, да се изгушкаме и да си изјавиме љубов, да си ги згрееме душите едни на други со грижа и внимание“.

Тој посака во 2018 година животот „на секој човек“ да се смени на подобро, „сите да бидат здрави, да се раѓаат деца и да нѐ радуваат“.

Путин „од срце им заблагодари“ на граѓаните на Русија „ за вербата во себе и во својата земја, за трудот и неговите резултати“. Тој изрази надеж дека „довербата и заемното разбирање“ ќе нѐ следат на секој чекор.

Шефот на руската држава посебно им честиташе на граѓаните на Русија кои на празникот „работат, го исполнуваат воениот или професионалниот долг, дежураат во болниците, управуваат со авиони и возови“.

„Ние сме заедно во оваа прекрасна новогодишна ноќ. Заедно сме и во нашите секојдневни работи. Единството, пријателството и искрената љубов спрема Русија ги умножуваат нашите сили за постапки вредни внимание и за големи достигнувања“, изјави тој.

Владимир Путин нагласи и дека „на семејната трпеза“ и „во весело друштво“ и на „празничните улици“ граѓаните на Русија ги „соединува добро новогодишно расположение“.

А кои се основните вредности за Путин?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња