Русија не е позната само по своите фабрики за совршено модерно оружје. Таа е полна со мајстори кои можат да го украсат вашиот дом со златни пиштоли и пушки.
Работилницата Практика е отворена 1991 година веднаш по колапсот на СССР во гратчето што се вика Златоуст, 1700 км од Москва. Тука се разубавува пред сѐ стрелечко оружје, но и ножеви, садови, чаши за вино и коњак...
На сајтот на работилницата пишува дека секое парче оружје е од дамаски челик. Мајсторите користат ретки видови дрво, слонова коска, месинг, бронза, еленски рогови, камен, злато и сребро.
Оружјето направено во Златоуст може да се најде на дворот на британската кралица Елизабета Втора, па и на кралот на Јордан.
Ако некој посака да потроши 50000 долари за оригинален сувенир, може, на пример, да купи златна сачмарка Сајга МК-03 (цивилна верзија на познатиот автомат „Калашников“ АК-104).
Доколку сепак не можете да си купите ваков сувенир, ви предлагаме поевтина варијанта: аеродромот „Шереметјево“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче