Операцијата траеше 24 часа, а возовите од денес почнаа да сообраќаат исклучително на руска територија.
Изградбата на електрифицираната железничка пруга со два колосека со која се заобиколува Украина почна во 2014 година. Вкупната вредност на проектот изнесуваше околу 55 милијарди рубли. Градежно-монтажните работи на таа делница беа завршени на почетокот на август, по што почна тестирањето на одделни делници на новиот крак. Во ноември по обиколницата тргнаа патничките возови.
Железничката магистрала Журавка-Милерово долга 137 километри минува низ Воронешката и Ростовската област, каде се изградени седум станици. Предвидената максимална брзина на патничките возови е 140 километри на час, а на товарните 90. Линијата е биде дел од брзата железничка пруга која ја поврзува Централна Русија со брегот на Црното море.
Во „Руски железници“ сметаат дека новата пруга ќе го зголеми капацитетот на инфраструктурата и ќе ја осигури безбедноста на товарниот и патнички сообраќај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче