Руска брза помош спаси минувач во Стокхолм и ја воодушеви Шведска

Владимир Смирнов/TASS
Екипа на приватната„Петербушка брза помош“ која од шведската болница во Санкт Птербург превезуваше руски граѓанин му пружи на Стокхолм прва помош на еден минувач кому му се слошило на улица, изјави главниот лекар на оваа медицинска служба.

Лекарите на повик на компанија за осигурување дошле во Шведска да земат еден Русин кој се повредил на службен пат. Откако во болницата го зеле пациентот, тргнале кон северната руска престолнина, но не можеле да не запрат и да не помогнат кога во Стокхолм здогледале маж кој лежел на еден тротоар. Според зборовите на главниот лекар на „Петербуршката брза помош“ Михаил Џалагони, медицинскиот персонал му укажал на минувачот помош и со него почекале да пристигнат нивните шведски колеги од тамошната брза помош.

Претходно шведскиот весник „Афтонбладет“ соопшти дека лекари од возило за брза помош со руски регистарски таблички му пружиле прва помош на минувач во центарот на Стокхолм.

Еден од очевидците ги фотографираше лекарите и ја закачи фотографијата на Твитер, очекувајќи дека така ќе ја расветли информацијата за необичната екипа на брзата помош, но објавата не даде резултат, пишува порталот „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња