„Ќе настапуваме под знамето на „Куќата Таргариен“: Најдобрите шеги за забраната за Русија на ОИ

Церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри 2014 во Русија.

Церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри 2014 во Русија.

AP
Политичкиот скандал околу одлуката на Меѓународниот олимписки комитет во Русија се прима на еден или друг начин. Социјалните мрежи полудеа откако на Русија ѝ се забрани настап на Зимските олимписки игри, па луѓето почнаа да се шегуваат за неутралното знаме.

На Русија ѝ е забрането да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја поради наводите за допинг. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) изјави дека спортистите кои не користеле допинг можат да настапат под неутрално знаме – меѓутоа луѓето на социјалните мрежи не се убедени во тоа.

Вакви беа нивните реакции:

„Видете... Отсекогаш мислев дека руското знаме е мошне неутрално“.

 „Боите на руското знаме: црвената симболизира храброст и јунаштво, сината - верност и чесност, белата – неутралност“.

„Ќе настапуваме на Олимпијадата под знамето на Куќата Таргариен“.

Еден корисник реши да го забрани МОК.

„Меѓународниот олимписки комитет (организација признаена како терористичка и забранета на територијата на Русија)“

- Повеќе нема да бидеме заедно.

- Ама мачеее.

- Не. И нема да спијам со тебе. Ме лажеше. Женет си!

- А може да дојдам кај тебе под неутрално знаме?  

Некој предлага да се користи Тор или ВПН (сервиси за анонимност на Интернет) за да ѝ се помогне на Русија да учествува, но се шегува дека Русите ќе го видат ова на екраните: „Жалиме, олимписко учество не е овозможено во вашиот регион“.

Лежам на кревет под неутрално знаме.

Отворив пиво под неутрално знаме.

„Не бадијала уште пред петнаесет години се откажав да одам во теретана. Како да знаев дека нема да нѐ пуштат на Олимпијада“.

„Неутралното знаме на Русите на Олимпијадата“.

Вака може да изгледа неутралното знаме...

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња