Московскиот пазар на луксузни недвижнини всушност стана подемократски во последната деценија.
Getty ImagesМосква се најде на 13 место на листата на големи градови со најскап недвижен имот во луксузниот сектор. Независната глобална консултантска куќа за недвижнини Knight Frank LLP го измери бројот на квадратни метри на луксузен имот во продажба до 1 милион долари, а Москва заврши пред Берлин и Токио.
Со тие пари среќен сопственик во Москва може да купи станбен простор од 81 квадратен метар. Во Берлин, пак, со истиот износ добивате 84 метри квадратни, додека во Токио бројката изнесува 92 квадратни метри.
Њујорк е далеку понапред од Москва и Берлин. Во „Големото Јаболко“, со 1 милион долари можете да купите само 26 квадратни метри луксузен имот.
Иако резултатите би можеле да ви изгледаат неверојатно скапо, , московскиот пазар на луксузни недвижнини всушност стана подемократски последнава деценија. Пред десет години, со еден милион долари можеше да се купи само стан со големина од 54 квадратни метри, пишува дневниот деловен весник „Ведомости“.
Од „Најт Френк“ велат дека високите цени на луксузните апартмани во Москва се определени од фактори како што се локацијата на имотот во центарот на градот, големината на просторот за живеење достапен во станот и недостигот на нови станбени објекти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче