Руско видео кое го расплака светот

Пет минутниот спот „Positive compilation of Russian dash cams“, кој е компилација од снимки од авто-камери, поставен е на YouTube и за првите неколку денови забележа три милиони посети.


За македонски превод притиснете „СС“.
Dash cams (скриени камери) се чести кај руските возачи. Ги монтираат во возилото за да ги снимаат сите ситуации во кои ќе се најдат, со што би се спасиле од подмитувања на полицајци, лажни полицајци или од други возачи и незгоди. Со нив често се снимаат разни згоди и незгоди кои кружат низ интернет - тоа се обично некои несреќи или едноставно „лудо“ возење, но во секој случај пропратено со текст од типот „ова го има само во Русија“. Ваквите видеа креираат предрасуди за Русите, за руските патишта и Русија воопшто, како небезбедна земја во која никој не почитува закони и токму затоа доаѓа до вакви несреќи.
Но многу ретко, или скоро никогаш не се прикажуваат видеа во кои се гледа и една друга страна - добрата страна на Русите, фатена со овие скриени камери. Затоа ние денеска ви прикажуваме видео од овие скриени камери, кои ќе ви ја вратат вербата не во Русите, туку во човештвото воопшто.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња