Претходно на средба со деца на 17 септември Меркел рече дека, иако нејзината омилена земја е Германија, би сакала да замине на две патувања – на планините Роки во Северна Америка и на патување по Русија. Покрај тоа, рече канцеларката, рускиот бил нејзиниот омилен предмет во училиште. Видеото од средбата е објавено на „Фејсбук“ страницата на канцеларката, пренесуваат руските медиуми.
„Руски железници“ се подготвени да понудат целосна соработка во организацијата на патувањето на германската канцеларка Ангела Меркел со Транссибирската железница, ако се потврди таквата намера“, соопштија од „Руски железници“ на 18 септември.
Од компанијата исто така истакнаа дека патувањето по Големиот сибирски пат нуди единствена можност да се посетат природните и историските резервати, да се видат народите на Русија во својата единствена разновидност, да се почувствува посебната атмосфера на патувањето по најдолгата железничка рута на светот.
Од „Руски железници“ ветуваат дека ќе сторат сѐ што е во нивната моќ на канцеларката на Германија да ѝ останат од патувањето по Транссибирската железница само убави и живописни спомени.
Покојниот британски музичар и уметник Дејвид Боуви во младоста патуваше со Транссибирската железница низ целиот СССР на враќањето од турнејата во Јапонија. „Сибир е неверојатно импресивен. Цели денови патувавме покрај величествени шуми, реки и широки рамници. Не можев ни да си замислам дека на светот сѐ уште постојат такви пространства со недопрена дивина“, ги пренесуваат руските медиуми зборовите на Дејвид Боуви.
Солистот на групата „Дип Парпл“ Јан Гилан во интервју за РИА „Новости“ во ноември 2016 година зборуваше за својата желба да патува по Транссибирската железница. „Патував од Санкт Петербург во Владивосток, бев во Махачкала и Ерменија, во поранешните републики, патував насекаде. Тоа беше неверојатно – од Кавказ до Бајкал. Се сеќавам на многу нешта, на толку интересни работи, запознав толку многу култури. Беше фантастично, со задоволство би го повторил тоа“, призна музичарот.
Патување од Москва до Владивосток со воз во вагон без купе
Зошто Русија ја изгради Транссибирската железница
Транссибирски луксуз: краток водич
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче