Како да подготвите боршч во пирошка? (РЕЦЕПТ)

Прес служба
„Секој боршч сака да стане пирошка“, стои на неонската табла на ѕидот на кафулето „Боршч“ во Санкт Петербург. Очигледно по овој принцип се водел неговиот основач, готвач и блогер Анатолиј Бордијан викан Боршч, кога решил својата омилена чорба да ја претвори во брза храна.

„Идејата да подготвуваме боршч во пирошка дојде од желбата да се преиспита концептот на домашна храна. Тоа е нешто што ни е познато и што го сакаме уште од детството“, изјави Анатолиј Бордијан за порталот Russia Beyond.

Кафулето „Боршч“ во Санкт Петербург

Сега, на пример, боршчот е достапен во формат „за носење“. Можете да го носите на работа, на училиште, па дури и да го јадете во автомобил. Тоа е многу практично“.

Кафулето „Боршч“ во Москва

Во менито на синџирот кафулиња „Боршч“ (две веќе се отворени во Санкт Петербург и едно во Москва), класичната чорба од боршч е претворена во крцкава пирошка.

Боршч во пирошка

Истото е направено и со чорбите шчи и сољанка.

Шчи и сољанка во пирошка

Чинијата и лажицата сега се минато бидејќи густата чорба се служи внатре во пирошката, а „нектарот“ т.е. процедениот булјон од боршчот се служи посебно во чаша.

Доколку сакате да ги пробате овие пирошки со омилената чорба, а немате можност тоа да го направите во кафуле, ви нудиме краток водич за нивна подготовка во домашни услови.

Боршч во пирошка

  1. Сварете густ боршч со месо и зеленчук.
  2. Процедете го низ цедалка.
  3. Лиснатото тесто расукајте го и исечете го на правоаголници со димензии 5х10 цм.
  4. На средината на тестото ставете лажица од густото од цедалката, покријте го со друго парче тесто и со штипкање убаво составете ги краевите.
  5. Испржете ги пирошките во длабоко масло.
  6. Со пирошката со фил послужете булјон од боршчот во чаша.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња