Колку чини најскапиот леб во Русија?

Азбука вкуса
Речиси 2030 рубли или околу 19 евра да се издвојат за килограм леб?!

Да, токму толку чини „Селски леб со домашен квасец“ во малопродажниот ланец „Азбука на вкусот“ (рус. Азбука вкуса). Меѓутоа, се продава по векни од 260 грама кои чинат 528 рубли или околу 5 евра. Тоа е околу десет пати поскапо од просечната цена на најпопуларните видови леб во Русија, сечената векна од пченично брашно или „Бородинскиот“ леб од пченично и 'ржано брашно.

Што го прави овој леб толку посебен? Пред сé, затоа што се прави од пченично брашно со пченични никулци по стар шпански рецепт и се пече во камена печка. Лебот со природен стартер е шупликав, со арома на слад. Производителот Bellsola го препорачува за сендвичи и предјадење.

„Селскиот“ леб се испорачува Шпанија во Русија замрзнат. Рокот на траење на готовиот производ е 48 часа.

Меѓу другите скапи видови леб тука е „Феерически“ (рус. Феерический (волшебен) со додаток на јачменов слад, кој се испорачува од Австрија, исто така замрзнат и во продавниците на „Азбука на вкусот“ векна од 480 грама чини 810 рубли или 7,5 евра. И леб „Без глутен 3.0 Сува слива“ направен од просено и оризово брашно со стартер од ориз и додаток на суви сливи, посипани со семе од афион (400 грама чини 580 рубли или околу 5,5 евра). Комплетно се произведува, меси и пече во московската пекара La Poste.

Дали би сакале да пробате толку скап леб? А да го купите?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња