Рибата била вообичаена намирница на руската трпеза. Во риболовот, за разлика од ловот, немало ограничувања. Затоа дури и селаните можеле да си дозволат за ручек лосос, есетра, пастрмка или друга благородна риба.
Рибата посолена на печорски начин се подготвувала за време на пролетниот мрест. Рибата се чистела, се миела со задолжително отстранување на шкргите. Одвнатре се посипувала со крупна сол и се ставала во дабови буриња со грбот надолу. Помеѓу редовите исто така се посипувала со сол и се покривала со коприва или шишарки. Бурето се затворело и оставало на топло место. Неколку дена подоцна рибата ќе пуштела „сок“. Тогаш преку бурето ставале нешто тешко и го сместувале во студен подрум. На крајот на летото „ароматичната“ ферментирана риба била готова за јадење.
На северот на земјата, во Архангелската област, бил популарен уште еден рецепт за ферментирање риба. Вистина, во овој случај се добивал некој вид сос. Селаните копале голема јама, ги обложувале дното и ѕидовите со лисја, во неа ставале речна риба, ја покривале со лисја и ја затрупувале со земја. Неколку месеци подоцна јамата ќе ја раскопале, а дотогаш рибата веќе „пливала“ во течност. Оваа рибја „супа“ ја извлекувале од јамата со ведра.
Денес овој рецепт звучи бизарно, но порано бил широко распространет во многу земји. Меѓу најпознатите примери е сосот „гарум“ од грчко-римската кујна. Станува збор за рибен сос кој се добивал со ферментирање риба на сонце во текот на два-три месеца. А тука е и масовно познатиот современ пандан – Вустершир сос.
Во мочурливите краишта, селаните напролет подготвувале леб од трска. Го користеле коренот кој е богат со шеќер и скроб. Ситно го сечкале и сушеле, а потоа од него правеле брашно и печеле леб.
За време на Втората светска војна ова печиво ги спасило војниците од глад.
Лобода е широко распространет плевел, и во Русија и во Македонија. За време на немаштија Русите го користеле за исхрана. Тоа е исклучително здрава намирница која содржи многу витамини и минерали. Растението е роднина на киноата, а познато е и како „див спанаќ“. Постојат неколку видови, меѓу кои некои се горчливи, а некои се дури и отровни.
Луѓето правеле од лобода ќофтиња, супи и каши. Таа каша се нарекувала „лебедањ“ и се готвела како обична каша со млеко. По вкусот потсетува на каша од хељда.
Ова е уште едно јадење кое ги спасувало жителите на северните региони од глад. Тие го отстранувале површинскиот слој од дрвото, обично бор или бреза, а потоа ја користеле внатрешната тенка кора во исхраната. Брезовата кора е потврда и мора повнимателно да се иситни и да се готви подолго. Вкусот на кашата од кора од дрво наликува на гриз, но со забележлива доза на горчина.
Селаните ги користеле сите средства што им биле на располагање за да ја чуваат храната. Еден метод бил „потолок“. Ќе исечеле исчистена гуска, ќе ги изваделе коските и ќе ја ставеле во буре со зачини. Месото ќе го посипеле со шалитра, го затворале херметично и го оставале од есен до пролет. Тоа резултирало со суво и прилично тврдо месо.
Ова јадење било достапно само за богатите граѓани и само до XIX век. Во тоа време, за испорака на петлови кикиришки биле специјализирани градовите Ростов и Вологда. Таму се одгледувале голем број петли и можеле со една испорака да достават многу кикиришки во големите градови. Тоа се правело само зиме за тој деликатес да стигне до купувачите свеж.
Во една порција имало 20-30 кикиришки. За да бидат меки, се динстале неколку часа во тенџере со зачински тревки. Понекогаш кикиришките се полнеле со месо од живина или се сервирале со сос од шумски бобинки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче