Приморска сољанка: Папазјанија од морски плодови од Далечниот Исток на Русија (РЕЦЕПТ)

Олга Бровкина
Русите пристигнале на брегот на Тихиот Океан кон средината на XVII век и оттогаш нивните локални јадења го променија својот состав користејќи го изобилството морска храна. Уживајте во оваа вкусна сољанка со лигњи и алги која лесно се подготвува и е преполна со хранливи состојки.

Едно од најпопуларните јадења на руската кујна е богатата супа со многу разновидни состојки наречена „сољанка“. Меѓутоа, ова национално јадење варира од регион до регион. На пример, во централните делови на Русија таа се состои од неколку видови месо, компир, зелка, морков и друг зеленчук варен во големо тенџере со булјон од месо и мешавина од сончогледово масло, маслиново масло и путер.

Наведениот рецепт ја претставува класичната верзија на сољанка, но има и не толку позната верзија која често се подготвува на тихоокеанскиот брег на Русија. Овој тип на сољанка се нарекува „приморска сољанка“ и содржи морски плодови кои се многу хранливи,  како што се алгите и лигњите.

Општо земено, морската храна е богата со хранливи материи како што се протеини, витамини, минерали и омега-3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторни својства. Покрај тоа, морската храна штити од многу здравствени проблеми како срцеви заболувања, депресија и рак на црниот дроб.

Приморската сољанка може да се послужи како главно јадење за вечера, но ако додадете повеќе вода, тогаш може да биде и хранлива чорба која се служи пред главното јадење.

Ви предлагаме да направите „брза“ верзија на ова одлично јадење за кое се потребни само 40 минути од вашето време.

Состојки за две порции:

Варено месо по избор – 80 g

Пацифичка лигња – 200 g

Кисели краставички – 70 g (1 пар.)

Морков - 70 g (1 пар.)

Кромид – 50 g (1 главица)

Морски алги од конзерва  - 50-70 g

Доматна паста - 50 g

Соја сос – 3 лажици

Лук - 5 g (1 чешне

Масло – 2,5 лажици

Компир - 70 g (1-2 пар.)

Лимон - 60 g (2 резниња)

Вода - 250 ml

Начин на подготовка:

1. Компирот сварете го со лушшата, а потоа излупете го.

2. Загрејте ја водата до вриење и во неа ставете ги лигњите на 5 секунди. Потоа извадете ги, излупете им ја кожичката и изнутрицоте, па насечкајте ги на ситни парчиња.

3. Исчистете ги морковот и кромидот, исечкајте ги на коцкички.

4. Исечете ги лукот и киселите краставички.

5. Испржете ги морковот, кромидот и лукот во длабок тиган на претходно загреано масло додека не добијат златножолта боја.

6. Додајте ги во тиганот испраните алги, краставиците, месото, доматите и лигњите и пржете 5-7 минути.

7. Додајте ги соја сосот, доматната паста и 250 ml вода. Мешајте 15-20 минути на тивок оган во длабок тиган или шерпа. Сервирајте во длабок сад со резне лимон.

Пријатен апетит!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња