„Лете подготвувајте ги санките, а зиме запрегата“ – вака гласи познатата руска поговорка, која значи дека треба навреме да подготвите залихи за зимата. Совршен пример за тоа е салатата од тиквички, морков и пиперка која ви ја претставуваме денес. А во исто време е и пикантна закуска која можете да ја јадете веднаш по готвењето.
Се сеќавам дека кога бев дете тиквичките раѓаа толку обилно што беше невозможно да се потрошат сите одеднаш. Затоа баба ми и мајка ми правеа салата од тиквички од градината.
Овој зеленчук нема силен вкус или мирис, но му го додаваат други зеленчуци. Морковите се додаваат за сладост, доматите за боја, а пиперките за побогат вкус.
Сè уште се сеќавам на мирисот што се ширеше од кујната кога ќе почнеше сезоната на подготвување зимница. Секогаш со вечерата имавме чинија со остатоци што немаше да ги соберат теглите. Ја сакав оваа свежа и топла салата исто како и онаа од тегла.
Затоа сега ја подготвувам за вечера. Најдобро е да се служи со компири, било како пире или варени. Или едноставно можете да ја зачувате за зимата.
Средни тиквички - 2 пар.
Пиперки – 2 пар.
Морков – 1 пар.
Кромид – 1 гла.
Домат пелат - 500 ml
Лук – 4 чешниња
Магдонос – врзоп
Сол (нејодирана) – 2 лажички / по вкус
Шеќер – 1 лажица
Црн бибер по вкус
Оцет 9% - 2 лажици
Сончогледово масло за готвење
1. Излупете ги и исечкајте ги морковот и кромидот; пропржете ги во масло.
2. Пиперката исечете ја на тенки ленти и додајте ја.
3. Оставете сé да се крчка 15-20 минути.
4. Исечете го доматот и прелијте го сокот од доматот врз зеленчукот. Динстајте 20 минути.
5. Исечкајте ги тиквичките и додајте ги на зеленчукот.
6. По 15 минути додајте сол, шеќер и бибер.
7. Потоа додајте го иситнетиот лук.
8. Додајте ги магдоносот и оцетот. Динстајте уште 5 минути.
9. Наполнете ги стерилизираните тегли или употребете го како прилог на главно јадење или како закуска.
10. Сервирајте топло или оладено со компир или лебни коцки како салата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче