Ова е торта во вид на Доширак, бренд инстант-тестенини популарни во Русија.
Корисниците на „Твитер“ ја преплавија со лајкови објавата на санктпетербуршкиот шеф за печива Аљона Фоња и развија жива дискусија за нејзината торта во форма на Доширак.
„Добро е што не живееме во 15 век, инаку инквизицијата ќе сакаше да знае како го правиш тоа, вештерке!“, напиша корисникот на „Твитер“ Drinking Bear.
Аљона вели дека во просек троши пет часа „од почеток до декоративна завршница“ на таквите кулинарски ремек-дела.
Тортата изгледаше толку реалистично што некои скептици ја замолија да објави слика од неа пресечена во профил, што таа и го стори.
дошик от @AlyonaFonya не дожил до похмельного утра pic.twitter.com/yuZQwuomMZ
— мультифора и карачи (@mashkoo) 24 February 2019
Дури и по втората фотографија, останаа сомневањата околу етикетата, но Аљона ја откри тајната: „Слика што се јаде на вафел-лист. Купив опаковка Доширак и ја скенирав етикетата“.
По огромниот одговор на нејзината торта Доширак, извонредниот шеф за печиво направи уште неколку неверојатно реални креации.
Kentucky Fried Cake, прстите да си ги излижеш.
И повторно во профил.
И еве ја тортата мртов гулаб. Не е естетски најубаво, но повторно суперреалистично. Не е за сечиј вкус, се разбира: „Уф! Не би ја јадела и да ми платат. Господи ... Освен тоа, исклучително добро е направена. Браво за тоа, но сѐ уште е одвратно“, напиша la_marishka_l на „Инстаграм“.
Без да биде загрижена за негативните критики, Аљона продолжува да пече кондиторски производи од чиј изглед ви се креваат цревата во желудникот. Нејзината торта во форма на крвав череп, исто така, предизвика измешани реакции.
Дали би ја купиле оваа торта за роденденот на вашата тешта?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче