Леонид Брежњев веќе десет година управува со Советскиот Сојуз. Тие години влегоа во историјата како време на стабилност и „стагнација“, или дури како „развиен социјализам“.
Во Кремљовскиот дворец се одржа свечена седница на Централниот комитет на партијата, Врховниот совет на СССР и Врховниот совет на РСФСР посветена на 50-годишнината од формирањето на Советскиот Сојуз.
Хокеарската репрезентација на СССР играше против Канада во Москва.
Легендата на советскиот хокеј – Валериј Харламов.
Странски студенти на Универзитетот за дружба на народите уживаат во традиционалните руски зимски забави.
Во 1974 година во музејот на ликовната уметност „Пушкин“ во Москва можеше да се види „Џоконда“ на Леонардо да Винчи. Тоа беше дури вториот пат ова ремек-дело да го напушти Лувр.
Истата година Андреј Тарковски сними уште едно ремек-дело на филмската уметност – „Огледало“.
Домашната кинематографија доби уште едно големо остварување, серијата „Седумнаесет моменти на пролетта“, а ликот на Штирлиц (во неповторливата интерпретација на Вјачеслав Тихонов) за многумина остана идеал на правичност, хуманизам и професионалност и вистински народен херој.
Шаховска нација: мажи го поминуваат слободното време во московскиот парк Сокољники.
Во 1974 година Советскиот Сојуз го посети американскиот претседател Ричард Никсон.
Прво Москва, а потоа и Крим. Честите средби на Брежњев и Никсон доведоа до подобрување на односите меѓу државите. Вистина, еден месец по оваа посета се случи аферата „Вотергејт“ и Никсон беше принуден да поднесе оставка.
Важен настан во животот на земјата беше продолжувањето на изградбата на Бајкалско-амурската магистрала, амбициозниот проект замислен од Сталин, но стопиран по Втората светска војна.
За градителите на БАМ беа градени цели населби.
Легендарниот балетан Михаил Баришников во 1974 година отпатува на гостување во Канада и никогаш не се врати во СССР. На оваа фотографија позира во Лениград.
Квалитетни домашни фотоапарати во седумдесеттите години во СССР имаа дури и децата.
Пермски убавици на минус 40.
Во 1974 година во вселената полета советскиот пилотиран брод „Сојуз-15“. На фотографијата се космонаутите Генадиј Сарафанов (лево) и Лев Дјомин. Поради дефект на системот, бродот не можеше да се спои со орбиталната станица и космонаутите се вратија на Земјата.
Огромна редица за жичарницата во живописната Домбајска долина, најстариот скијачки центар во Русија.
Нови вагони во московското метро.
Во училница во московско училиште.
Модата во седумдесеттите години.
Продавачка на компири на некоја уралска железничка станица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче