Кадар од играниот филм „Третиот пат“. Фудбалски натпревар помеѓу германскиот тим и тимот на советски воени заробеници, поранешниот тим на киевски „Динамо“ на 9 август 1942 година. Продукција на филмското студио „Мосфилм“, 1962 година.
SputnikНа 9 август 1942 година, во Киев, кој беше окупиран од нацистите, се одржа фудбалски натпревар помеѓу екипа на германски пилоти и поранешни играчи на киевски „Динамо“.
На советските фудбалери под закана со смрт им беше барано да го загубат натпреварот, но тие покажаа храброст и ги победија своите противници. Таа дрскост ја платија скапо.
Токму вака советската пропаганда го претставуваше настанот што во СССР беше наречен „натпревар на смртта“. Меѓутоа, вистината беше нешто поинаква.
Кадар од играниот филм „Третиот пат“
Мосфиљм, 1962./SputnikВеднаш по заземањето на главниот град на советска Украина, Германците, на предлог на локалните колаборационисти, ја обновија традицијата на одржување спортски настани со учество на локални спортисти. На овој начин сакаа да создадат привид на нормален живот. Учесниците добиваа дополнителни следувања храна.
Постер за фудбалскиот натпревар меѓу „Старт” и „Флакелф“ на стадионот Зенит во Киев на 9 август 1942.
Public domainЕден од фудбалските тимови собра во фабриката за леб бр. 1 нејзиниот директор Чех Јосиф Кордич. Во ова претпријатие работеа неколку поранешни играчи на „Динамо“ (Киев) и други клубови, а неколку спортисти намерно беа извлечени од заробеничките логори.
„Старт“, како што го нарекоа тимот, набрзо почна да бележи сјајни победи над противниците. Тимовите на германските железничари, артилерци и унгарската пешадија се најдоа во лоша ситуација изложени на напади.
Кадар од играниот филм „Третиот пат“ Мосфиљм, 1962.
SputnikНа 5 август 1942 година советските фудбалери ја победија репрезентацијата на артилерците, пилотите и механичарите на киевскиот аеродром „Флакелф“ со резултат 5:1. Реваншот беше планиран за 9 август, кој на крајот беше наречен „натпревар на смртта“.
„Имавме униформа како репрезентацијата на СССР, црвени маички и гамашни и бели гаќи“, објаснуваше подоцна Макар Гончаренко. „Приказните дека сме ги подготвиле специјално за натпреварот со пилотите и артилерците се обична лага. Друга опрема едноставно немавме. Она што Трусевич (голманот) успеа да го набави на почетокот, тоа го носевме цело време“.
Николаj Трусевич
Public domainСоветската верзија на настанот вели дека пред натпреварот во соблекувалната на „Старта“ свратил германски офицер и им рекол на фудбалерите да сметаат на одмазда доколку не го загубат натпреварот. Меѓутоа, овој настан никогаш не е потврден со некакви докази.
Судија беше извесен обер-лајтнант на Вермахтот Ервин, но пристрасно судење во корист на германскиот тим не беше регистрирано.
Натпреварот помина во знак на жестока борба, а заврши со резултат 5:3 во корист на „Старт“. Екипите позираа за заедничка фотографија, а советските фудбалери потоа отидоа во соблекувалната да ја прослават победата.
Кадар од играниот филм „Третиот пат“ Мосфиљм, 1962.
SputnikГрадскиот комесар на Киев Фридрих Рогауш по овој натпревар ги забрани средбите меѓу советските и германските тимови на терен. Фудбалерите на „Старт“ не беа изложени на никакви санкции. Тие продолжија да работат во фабриката за леб, а на 16 август со резултат 8:0 го победија тимот од службеници на државните установи и фабрички работници „Рух“.
Меѓутоа, веќе на 18 август започнаа апсења на играчите на „Старт“. Беа апсени само „Динамовците“, меѓу кои и Александар Ткаченко, кој не учествуваше во „натпреварот на смртта“. Вкупно десетмина. Поранешните фудбалери на киевски „Локомотив“ не ги гибаа, или пак ги пуштаа на слобода.
Кадар од играниот филм „Третиот пат“ Мосфиљм, 1962.
SputnikПрипадноста на фудбалскиот клуб под управа на НКВД се сметаше за главната причина за апсењата. Гестапо сметаше дека советските фудбалери се соработници на органите на државната безбедност и дека извршувале разузнавачки задачи во Киев или вршеле диверзии и подметнувале скршено стакло во брашното што им беше испорачувано на германските единици.
Еден од уапсените, Макар Гончаренко, подоцна изјави: „Ги истепавме од сé срце и со полна пареа, 8:0. Тоа беше на 16 август. Жорка Швецов (организаторот на „Рух“) се пожали дека го кршиме режимот, водиме лесен живот и пропагандираме советски спорт. Накратко, нé кодошеше. Германците проверија на предвоените плакати кој од „Старт“ играше за киевски „Динамо“ и сите ги испратија во логор“.
Макар Гончаренко, учесник во „натпреварот на смртта“ на стадионот „Старт”
Михаил Черничкин, Валериј Соловјов/TASSНиколај Коротких навистина беше соработник на НКВД во раните 1930-ти. Од мачилиштето на Гестапо не излезе жив.
Александар Ткаченко беше застрелан при обид за бегство. Осуммина играчи беа испратени во Сирецкиот концентрационен логор.
Зимата 1943 година во логорот се случи инцидент во кој беше повредено кучето на командантот. Група затвореници во која имаше тројца фудбалери беше казнета поради тоа со стрелање.
Четворица играчи успеаја да избегаат кога се приближуваше Црвената армија, а Павел Комаров беше протеран на работа во Германија. По завршувањето на воените дејствија тој замина во Канада.
Споменик на фудбалерите на „Динамо” стрелани од страна на нацистите (скулптор И.С. Горовој, 1971.)
Е. Малишевски/TASSНа тој начин од петнаесетте фудбалери кои учествуваа во „натпреварот на смртта“ страдаа четворица, а нивната смрт немаше никаква врска со резултатот од мечот против „Флакелф“ на 9 август 1942 година. Сите други играчи успеаја да ја преживеат војната.
Пред натпреварот „Старт“ – „Флакелф“
Архивска фотографијаЛегендата за херојскиот натпревар е создадена уште во 1946 година, а во следните години е збогатувана со нови детали. За „натпреварот на смртта“ во СССР се пишуваа книги и снимаа филмови.
На настраданите учесници во „натпреварот на смртта“ во 1965 година постхумно им беа доделени медали „За храброст“, а оние што преживеаја беа наградени со медали „За борбени заслуги“. Фудбалерот на „Старт“ Георгиј Тимофеев и Лев Гундарев не беа наградени, бидејќи за време на окупацијата служеа во полицијата, а по ослободувањето на Киев беа осудени на десет години затвор.
Сепак, дури и во советско време немаше општа согласност за херојските толкувања на тие настани. Така, во 1971 година, мајорот на КГБ Удин во извештајот до претседателот на Комитетот за државна безбедност на Украина, генерал-полковник Фјодорчук напиша дека во „тешкиот момент за Татковината“ фудбалерите останале на окупираната територија и ја поддржале „иницијативата на предавниците на Татковината од градската управа“ за формирање фудбалски клубови.
Како што истакнувал Удин, „сé што е направено досега во поглед на славењето поранешните фудбалери на Киев „Динамо“ во печатот и филмот ми се чини дека е сериозна грешка“.
Кадар од филмот „Меч“
Андреј Маљуков/Биоскоп Рекун, 2012.При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче