Како Бурбоните служеле во руската армија

Public domain
Историјата на кралската династија Бурбони датира од далечниот XIII век. Нејзините претставници некогаш владееле со Франција, како и со низа кралства и војводства на Апенинскиот полуостров. Во Шпанија и Луксембург тие и денес се на престолот.

Интересно е што некои членови на ова семејство дел од животот поминале во Русија. И повеќе од тоа, тие дури се бореле „За верата, царот и татковината“ во редовите на руската императорска армија.

Еден од нив бил францускиот аристократ Луј-Жозеф де Бурбон, принцот од Конде. По започнувањето на Големата француска револуција, тој ја напуштил својата татковина, застанал на чело на емигрантскиот ројалистички корпус и започнал фанатична борба против новата власт.

Луј-Жозеф де Бурбон, принц од Конде

Долго време корпусот се наоѓал под покровителство на Австрија, но по поразот од Наполеон во 1797 година, стапил во руска служба. Војниците добиле нови униформи и знамиња со рускиот двоглав орел и француските кралски лилјани.

Ројалистите на принцот од Конде учествувале во битките на Втората коалиција, но по помирувањето на царот Павле I со Наполеон во 1800 година, тие ја напуштиле Русија. Во знак на благодарност за нивната верна служба им било дозволено да ја задржат својата воена опрема, оружјето, униформите, кочиите и коњите.

Друг претставник на познатата кралска династија во руска служба бил претендентот на шпанскиот престол бил војводата мадридски и анжујски Хаиме де Бурбон. Живеел и се школувал во различни земји во Европа, сè додека во 1896 година не се нашол во Русија.

Хаиме де Бурбон

Таму го чекала блескава воена кариера. Шпанецот добил чин полковник, бил член на царската гарда, учествувал во интервенцијата на Сојузот на осумте земји во Кина во 1900 година и во Руско-јапонската војна од 1904-1905 година.

Хаиме де Бурбон ја напуштил руската служба во 1910 година. Не успеал во намерата да стане крал на Шпанија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња