Почесната гарда на претседателскиот полк носи специјална копија на Уставот на Руската Федерација во пресрет на инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија во Андреевската сала на Големиот кремљовски дворец.
Алексеј Дружинин/TASSНа изработката на овој документ во Русија од 1990 година работеа како различни иницијативни групи, така и тимови формирани со одлука на органите на власта.
Претседателот на Русија Борис Николаевич Елцин меѓу пратениците на IX (вонреден) Конгрес на народните пратеници на Руската Федерација.
Александар Макаров/SputnikТекстот на Уставот од 1993 година беше подготвен од Уставната конференција, формирана со указ на претседателот Борис Елцин во мај 1993 година. Се состоеше од околу 800 луѓе. Тоа беа претставници на:
– федералните органи на државната власт;
– органите на државната власт во субјектите на Руската Федерација;
– локалната самоуправа;
– политичките партии, синдикатите, младинските и други јавни организации, масовни движења и верски заедници;
– производители на стоки и претприемачи.
Конференцијата го подготвуваше документот врз основа на два нацрти. Првиот го подготви Уставната комисија, која работеше на тоа од 1990 до 1993 година. Некои нејзини членови влегоа во состав на Уставната конференција. Вториот нацрт беше претставен од претседателот на државата. Функционерот и политичар од тимот на Елцин - Сергеј Шахреј истакна дека „претседателскиот“ нацрт всушност бил подготвен од него и правникот Сергеј Алексеев.
Во гласањето учествуваа 58,2 милиони луѓе (54,8% од гласачите евидентирани во избирачките списоци). За усвојување на Уставот гласаа 32,9 милиони гласачи (58,4%). Тогаш земјата имаше вкупно 148,6 милиони жители.
Гласачкото ливче
Public domainНа гласачкото ливче имаше само едно прашање: „Дали го прифаќате Уставот на Руската Федерација?“ и две полиња: „Да“ и „Не“. Гласачот го пречкртуваше одговорот со кој не се согласува.
Според претседателскиот указ на Борис Елцин, се сметаше дека Уставот на РФ е прифатен доколку го поддржат повеќе од 50% од гласачите кои излегле на гласање, под услов во Сенародното гласање да учествуваат најмалку 50% од регистрираните избирачи.
На гласањето беше собран потребниот број гласови за поддршка на новиот основен закон, така што Уставот официјално стапи на сила на 25 декември 1993 година.
Елцин го потпиша нацрт-уставот на 8 ноември 1993 година во 15:!5 часот и го предаде на Централната изборна комисија.
Нацрт-уставот на Руската Федерација
Архив на претседателот на РФТекстот на 10 ноември 1993 година беше објавен во весникот „Росијскаја газета“, официјалното гласило на руската влада. Народот имаше еден месец да го проучи.
До 25 декември 1993 година, во Руската Федерација беше на сила Уставот на РСФСР (Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република), донесен на 12 април 1978 година. Во овој закон интензивно беа внесувани амандмани откако Русија прогласи државен суверенитет на 12 јуни 1990 година. Од ноември 1991 до декември 1992 година беа внесени над 400 амандмани.
Сенародно гласање за нацрт-уставот на Руската Федерација на 12 декември 1993 година. Пратеникот на Државната Дума на ФС РФ, лидерот на ЛДПР Владимир Волфович Жириновски.
Владимир Вјаткин/SputnikВо периодот 1990-1993 година, според тогашниот актуелен Устав, највисок орган на власта во Русија беше Конгресот на народни пратеници. Врховниот совет на Руската Федерација се состоеше од Горен и Долен дом, т.е. од Советот на Републиката и Советот на националностите и тој беше законодавен, извршен и контролен орган. Претседателот Борис Елцин се стремеше да спроведува сопствена независна политика, но за тоа беше неопходно овластувањата на Претседателот да бидат пропишани со Уставот.
Конфронтацијата што ќе влезе во историјата како уставна криза ја достигна својата кулминација есента 1993 година.
По јуришот на владините трупи, рускиот парламент во пламен. Уставната криза од 1993 годјна.
Владимир Вјаткин/SputnikИмено, на 21 септември 1993 година, Елцин го потпиша указот бр. 1400 „За правно уредување во период на постепена уставна реформа“. Со тој указ на Конгресот на народните пратеници и на Врховниот совет на Руската Федерација им беа одземени законодавната, извршната и контролната функција, а на народните пратеници им беа одземени овластувањата. Во октомври 1993 година, поранешните органи на законодавната власт беа растерани со употреба на оружје и оклопна техника.
Органите на законодавната власт во Русија станаа Државната Дума и Советот на Федерацијата. Изборите за пратеници во двата дома на Федералното собрание се одржаа на 11 и 12 декември 1993 година, истовремено со организацијата на Денот на сенародното гласање за Уставот.
Првиот советски устав беше донесен на Петтиот Серуски конгрес на Советите на 10 јули 1918 година.
Потоа, на 30 декември 1922 година, претставниците на Руската Советска Република, Украинската и Белоруската Советска Социјалистичка Република, како и Закавкаската Федерација, ја потпишаа Декларацијата за формирање на СССР. Уставот на новата држава беше донесен на 31 јануари 1924 година.
После тоа, во Русија имаше две „нивоа“ на устав: едното беше нивото на Советскиот Сојуз, а другото беше нивото на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) во рамките на СССР.
Во СССР имаше три устави: вториот „на Сталин“ беше усвоен во 1936 година, а третиот „на Брежнев“ во 1977 година.
Во РСФСР имаше четири устави. Тие беа доенсени во 1918, 1925, 1937 и 1978 година.
7 мај 2012. Специјален примерок на Уставот на РФ од 1993 година на инаугурацијата на претседателот на РФ Владимир Путин.
Владимир Родионов/SputnikРуските републики имаат свои устави. Според тоа, покрај уставот на Руската Федерација, кој има врховна правна сила и доминантно значење на целата територија, во Русија се во сила повеќе од дваесет републички устави. Но, сите тие се усогласени со федералниот устав.
Другите субјекти на Руската Федерација, т.е. краевите, областите, градовите од федерално значење, автономните области и окрузи, наместо устав имаат статут.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче