Колку е СТАРА Русија?

Hulton Fine Art, Corbis Historical/Getty Images; Кирилл Брага/Sputnik
Актуелната држава годинава полни 30 години. Но, нејзините историски почетоци се поврзани со 862 година.

Русија како феникс повеќе пати се кревала од пепел. Поради тоа многумина се збунети кога ќе се постави прашањето за нејзината старост. Одговорот на ова прашање зависи од тоа за која Русија станува збор.

Современа Русија  

Московјани на Црвениот плоштад на 22 август 1991.

Краткиот период на хаотичната борба за власт на политичката сцена во Москва кон крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите доведе до официјален распад на СССР во 1991 година.

Денот на Русија, празниот што се слави на 12 јуни и со кој се одбележува усвојувањето на Декларацијата за државен суверенитет на Руската Советска Федерална Социјалистичка Република, често се споменува како роденден на современата, постсоветска Русија. Меѓутоа, модерната Русија настана малку подоцна.

Иако Декларацијата го поплоча патот до распадот на Советскиот Сојуз утврдувајќи го приоритетот на рускиот закон пред законите на СССР, современата руска држава настана само една година подоцна: на 25 декември 1991 година, кога рускиот парламент објави дека земјата ќе се вика Русија или Руска Федерација, а Советскиот Сојуз престана да постои.

Тоа значи дека Русија наполни 30 години во 2021 година.

СССР

Прослава на 55-годишнината од Големата октомвриска социјалистичка револуција

Иако сосем неодамна руската државност го ресетираше своето времетраење, таа всушност е многу постара. Во текот на 69 години пред настанокот на Русија како современа независна држава, земјата, иако под друго име, беше дел од Советскиот Сојуз заедно со други земји, членки на комунистичкиот сојуз.

Таквата Русија постоеше од 30 декември 1922 година па сé до распадот на СССР во 1991. А пред Советскиот Сојуз да биде целосно и официјално формиран, Русија постоеше во форма на Руската Советска Советска Социјалистичка Република (РСФСР), која сé уште не беше дел од СССР. Во таа форма руската државност постои од 1917 година.

Ако ги додадеме годините што Русија ги помина како РСФСР надвор и внатре во СССР на годините кога Русија постои како модерна независна држава, ќе добиеме дека во 2021 година Русија полни 104 години.

Руска империја и Руско царство

Иван III

Ерата на Руската империја заврши со револуцијата во 1917 година, но има долга историја. Познато е дека Петар Велики ја основал Руската империја во 1721 година, а себеси се прогласил за император.

Но, дури и пред тоа, руската држава постои во поинаква форма, бидејќи руското царство настанало за време на владеењето на Иван Грозни во 1547 година.

А треба да се спомене и создавањето на Великот Московско кнежество во 1283 година, кога Иван III ја зема титулата Велики кнез на цела Русија.

Додадете го на равенката, соберете и ќе добиете дека во 2021 година Русија наполни 738 години.

Повикување на Варјагите 

Детаљ од сликата на Иљја Глазунов „Внуците на Гостомисл: Рјурик, Трувор и Синеус“

Меѓутоа, почетокот на руската државноста е официјално врзан за 9 век. Тогаш, според летописот познат како Повест на минатите лета, финските и источнословенските племиња во северозападните земји го повикале варјашкиот кнез Рјурик да владее со нив. Тој во 862 година се населил во Новгород и така ја создал првата официјална руска држава.

Јасно е дека најпрвин морало да постои народ кој би ги повикал Рјурик и неговата придружба. Тоа значи дека руските племиња живееле на тој терен пред основањето на династијата Рјуриковичи, но општоприфатено е настанокот на Русија да се датира со 862 година.

Значи, следниот пат кога некој ќе ве праша колку е стара Русија, ќе знаете дека во 2021 година наполнила 1157 години. Или?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња