На Северен Урал. Брегот на реката Шајтанка.
Veniamin Metenkov (Public domain)Првото наоѓалиште на платина е откриено во 1819 година во близина на Екатеринбург, а пет години подоцна е пронајдено ново на подрачјето на реката Баранчи, каде што се наоѓала железарница, за во 1825 година да бидат пронајдени алувијални наслаги на платина во реонот на Нижни Тагил. Откритието било случајно: работниците во рудниците од време на време наоѓале чудни црни зрнца. Бидејќи биле доволно тешки, можеле да се користат наместо сачма, па мештаните оделе на лов на локалниот дивеч со патрони наполнети со платина. Меѓутоа, штом се дознало за квалитетот на новиот метал, руските инженери сфатиле колку чини таквиот лов и се вчудовиделе! Се покажало дека пронајдените резерви на платина се толку големи што Русија преку ноќ станала нејзин главен производител. Само во 1828 година биле извадени 1,5 тони од овој скапоцен метал! Во Јужна Америка за цел еден век не било експлоатирано толку платина.
Фабрика за производство на платина
Public domainСе чинело дека новата руда треба само да се извади, а сè друго ќе биде лесно. Но, проблемот бил што никој не знаел што да прави со платината, а искуството на другите земји не можело да биде од корист. Имено, таму платината се користела за технички цели, на пример, за изработка на разновидна хемиска опрема, или за фалсификување, бидејќи била совршена за легирање со злато.
Платина. Грутката „Демидов“
Public domainОд уралските фабрики на царскиот двор во Санкт Петербург пристигнувале производи од платина како што се мастилница, прстени, кутии за чување подароци, како и пронајдени грутки. Министерот за финансии Егор Канкрин му подарил една грутка тешка над четири килограми на царот Николај I. Царот високо го ценел подарокот и денес грутката „Демидов“ се чува во Дијамантскиот фонд. Веројатно токму тоа бил доказот дека платината треба да се сфати сериозно. Било одлучено, почнувајќи од 1826 година, на фабриките да им се наплаќа надоместок за експлоатација на платината и дел да се праќа во Ковачницата за пари.
Кованици од платина
Public domainКонечно министерот Канкрин дошол до идеја како платината може корисно да се употреби и предложил да се прават кованици од неа. Тоа можело да ја подобри тешката ситуација во трезорот која настанала по војната во 1812 година. Својата идеја ја споделил со научникот Александар фон Хумболт, кој го предупредил дека тоа би можело да биде погрешен чекор. Причината за загриженост биле колебањата на цените на платината како и нејзиниот премногу едноставен изглед. Но, министерот решил да ризикува. Од 1828 година, Русија ковала монети од платина од 3, 6 и 12 рубли и станала првата земја во светот што пуштила во оптек пари од овој метал. Од вкупно извадените 32 тони платина, за изработка на кованиците биле потрошени речиси 15 тони, односно добра половина. И тогаш ненадејно запрело сè.
Работи во рудниците за платина
Public domainСе случило она за што предупредувал Александар фон Хумболт. Цената на металот во „луксузни монети“ веќе била пет пати повисока отколку во среброто. На пример, три рубли од платина чинеле 12 пати повеќе од сребрена монета со иста деноминација. А цените на платината во Европа растеле, што довеле до тоа рубљата од платина да го изгуби своето значење. Ковачницата на пари се плашела од можни фалсификати, па производството на монети од платина било прекинато во 1845 година и тие биле повлечени од оптек.
Британската компанија „Џонсон Мети“ во 1867 година ги купила сите руски резерви на платина. Така Англија, иако немала ниедно наоѓалиште на платина, долги години била водечка земја во оваа индустрија. А Русија и понатаму останала единствената земја во историјата во која биле во оптек „луксузни парички“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче