Меѓутоа, СССР, Унгарија и Бугарија во меѓувреме зајакнаа, а не ги заборавија своите територијални претензии кон Романија. Под притисок на Берлин во 1940 година Романците им ја вратија Бесарабија на Русите, Јужна Добруџа на Бугарите и Северна Трансилванија на Унгарците.
Романски војници наградени со железни крстови за уништување на советските десантни сили, Крим, 1942 година.
BundesarchivТаканаречената „Голема Романија“ изгуби речиси 40% од своите територии и преку ноќ престана да биде „Голема“. И тогаш својата игра ја почнаа дипломатите од Третиот Рајх.
Романски војници на југот на Русија.
BundesarchivГерманците ја искористија хаотичната ситуација во Романија и им предложија на Романците да учествуваат во претстојната поделба на СССР, во која Букурешт можеше да си ги врати не само Бесарабија и Северна Буковина кои ги презеде Москва, туку дури и да добие огромни територии на советска Украина сé до реката Днепар.
Романски авиони IAR 80 на борбена задача.
Public domainРоманците се согласија да соработуваат со нацистите заради ветените територии на исток, а исто така се надеваа дека ќе се преиспита и припадноста на Северна Трансилванија.
Влегувањето на Црвената армија во Букурешт.
Public domainТака, на 23 ноември 1940 година Романија стапи во воено-политичкиот сојуз на Германија, Италија и Јапонија. Унгарија веќе беше членка на овој сојуз, така што дојде до парадоксална ситуација во која двајцата непомирливи непријатели станаа сојузници и почнаа да дејствуваат заедно во интерес на Третиот рајх.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче