Дали во Советскиот Сојуз имаше наркомани?

Игорь Гаврилов/Sputnik
Да, имаше. Наркоманијата беше еден од најсериозните проблеми на советското општество. Сепак, државната пропаганда се обидуваше на секој начин да ја намали нејзината важност.

Сиромаштијата сериозно се надви над Русија за прв пат по револуцијата во 1917 година. Шверцот на наркотици поради лошото обезбедување на границите беше многукратно зголемено и дрогата веќе не беше стока само за елитата и богатите.

„Злото за цела Советска Русија беше кокаинот“, пишува кнегињата Татјана Куракина. „Иако Русија е доведена во состојба на целосна сиромаштија и има потреба буквално од сé, кокаин секогаш има, и тоа доволно за сите...“

Во првите години советската власт жестоко се бореше против наркоманијата. За трговија со кокаин и опиум можеше да добиете десет години затвор, па дури и да бидете осудени на стрелање. Меѓутоа, со текот на времето, законот во таа сфера беше ублажен, а затворските казни беа намалени на период од една до пет години.

Во СССР наркоманијата се сметаше за остаток од буржоаското минато, а борбата против зависноста од опојни дрога беше ограничена. Целото внимание на државниот апарат беше насочувано кон борбата против алкохолизмот и паразитизмот. Покрај тоа, опиум, морфин, капки кокаин, па дури и хероин можеа да се купат на рецепт во секоја аптека, сé до средината на педесеттите години на минатиот век.

Наркоманите крадеа наркотици од болниците и магацините или ги набавуваа во аптеки врз основа на фалсификувани рецепти. Имаше и такви кои организираа домашно производство на опијати преку набавка на опиумски афион од Азија, а див афион од Украина.

 

Во евиденцијата на МВР во 1976 година имаше околу 60 илјади наркозависници, а во 80-тите веќе 86 илјади. Ситуацијата во голема мера беше влошена од војната во Авганистан, во текот на која беа воспоставени канали за непречен проток на хероин.

Кон крајот на седумдесеттите беше засилена борбата против наркоманијата, а за време на перестројката отворено почна да се зборува за проблемот кој претходно се премолчуваше. Меѓутоа, наскоро следеше распадот на земјата, а Русија повторно беше зафатена од наркоманска епидемија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња