Царот Иван Грозни ја гледа Василиса Мелентјева, 1875, Григориј Седов
Руски музејПрва жена на Иван Грозни имала привлечен изглед и ги поседувала сите доблести на 16 век – невиност, скромност и побожност. Со тоа успеала да го освои срцето на владетелот. Таа не била само негова сопруга и сакана жена, туку и морален компас.
Царицата Анастасија
Непознат авторСпоред записите од летописците од тоа време, имено, успевала да влијае врз некои одлуки на својот сопруг: „Предобрата Анастасија го поучуваше и го наведуваше Иван на разни добри дела“. На пример, Иван под нејзино влијание помилуваше осудени на смрт, а исто така ја забрани и „мечкината забава“ (лов на мечки на осуденици).
Семејната идила ја нарушувале само делумните неуспеси во врска со наследникот – од шесте родени деца преживеале двајца: Иван и Фјодор, кој станал цар по смртта на татка си во 1584 година.
Царицата починала на 30 години по кратка болест Погребана е со огромни почести и почит. Дури и царот на погребот плачел и одвај стоел на нозе.
Погребот на Анастасија, од хрониките од 16 век
Меѓутоа, тагата поради загубата со текот на времето ја замениле сомнеж и бес: имено, сметал дека сопругата му ја отруле болјари коишто не ја сакале Анастасија, сметајќи дека не треба да се потчинуваат на жена којашто не им е еднаква по статусот. Дури во 2000 година откриени се докази кои укажуваат дека царот можеби имал право: во посмртните останки на Анастасија пронајдени се арсеник, олово и жива во смртоносни дози. Толку опасни супстанци не можеле да се соберат во организмот дури ни во случај на секојдневно користење средновековна козметика, која често ги содржела овие токсични состојки.
По смртта на сопругата царот станал уште посуров. Историчарот Карамзин подоцна запишал: „Тоа беше крај на среќните денови за Иван и за Русија: зашто не ја изгуби само сопругата, туку и благородноста“.
Втората жена на Ива Грозни била черкеската кнегинка Марија Темрјуковна. Таа била ќерка на кабардинскиот кнез Темрјук и пред бракот се викала Кучења.
Споменик на Марија Темрјуковна во Наљчик, Кабардино Балкарија
Masha Linnik (CC BY-SA 4.0)Првобитно Иван сакал да се ожени со сестрата на полскиот крал, но тој за возврат ги барал Псков, Смоленск и Новгород. Затоа Иван наредил да му се најде жена „меѓу Черкесите“. Кучења му се допаднала, по свадбата е крстена во православие, добивајќи го името Марија.
Царицата не само што ја поддржувала царевата тиранија, туку и постојано ја користела, отстранувајќи ги своите противници со негови раце. Деца не сакала, затоа со задоволство минувала многу време со Иван во воени походи. Хенрих Штаден, автор на „Записи за Московија“, тврди дека токму таа ги смислила „опричниците“ (лична царева војска и негов репресивен апарат), за време на кои многумина болјари биле обвинети за предавство и биле погубени.
Рамиља Искандер во улогата на Марија Темрјуковна во филмот „Цар“
реж. Павел Лунгин, 2009/Мастерская Павла ЛунгинаМарија починала во 1569 година. Според зборовите на царот, причина била труење кое повторно го организирале болјарите. Не се знае со сигурност дали е тоа точно, но Карамзин во своите дела наведува дека на тој начин Грозни ја подготвувал Русија за „ужасните изливи на својот бес“.
Третиот брак траел најкратко. Царот одучил дека треба да има многу наследници. Затоа две години по смртта на претходната сопруга приредил смотра на невести. Од сите краишта на земјата дошле над 2.000 девојки, но само 24 стасале до царевите одаи. Онаа што физички изгледала најздраво Иван ја испратил кај лекарите, по што ја подготвиле за венчавка. Така Марфа Собакина станала царица.
Марфа Собакина
Слободни извориМеѓутоа, овој статус не го имала долго. По само 15 дена од свадбата Марфа починала под мистериозни околности – иако имала добро здравје, од ден на ден „венеела“ и почнала да добива напади. Грозни, како и претходно објавил дека сопругата му е отруена. Во текот на истрагата царот погубил 20 лица. Таткото на Марфа го испратил во манастир, а нејзините браќа ги убил поради „врачање“. Можеби за нешто имал право: според една верзија, мајка ѝ на Марфа ѝ давала на ќерка си лек од билки за што поскоро да зачне. Постои можност дозата од овој лек да била преголема, што невестата го платила со животот.
Законите од 16 век не дозволувале човек во текот на животот да склопи повеќе од три брака. Сепак, по смртта на Марфа Иван Грозни ја наговорил црквата да му дозволи четврта венчавка. Инсистирал на тоа дека Марфа не му била „вистинска“ жена (не успеале дури ни да ја минат заедно првата брачна ноќ), така што нивниот брак не можел да се смета. Овој аргумент сите морале да го прифатат, а Иван себеси си нашол нова сопруга – Ана Колтовскаја. Таа на смотрата на невести била втора по Марфа.
Меѓутоа, ниту овој брак не траел долго. Според една верзија, Грозни се изморил од жените и нивните амбиции. Освен тоа, Ана одбила да му раѓа наследници. Затоа се ослободил од сопругата така што ја испратил во манастир, насилно ја замонашил под името „Дарја“. Но, најинтересните нешта со Колтовскаја се случиле подоцна.
Живеела во два манастира: најпрво во „класичен“ за членовите на царското семејство, а по смртта на Иван во Воскресенско Горицкиот. Во 1604 година преминала во Тихвинскиот манастир на Воведението каде што била активна како игуменија.
Тихвински манастир на Воведението
Кога започнала руско-шведската војна, се криела од Швеѓаните (веќе била во шестата деценија од животот), потоа ја преживеала Смутната доба и се занимавала со обнова на манастирот. Потоа уживала почитување и покровителство на царот Михаил Фјодорович којд дури од своите свадби ѝ испраќал лични подароци. Дарја проживеала до 1626 година. Кога починала имала околу 70 години.
Петтиот брак на Иван е склопен без дозвола од црквата: свештениците дотогаш веќе престанале да се мешаат во личните работи на царот, познавајќи го неговиот избувлив нарав. Новата жена била Ана Васиљчикова, ќерка на еден од блиските болјари. Свадбата била прилично скромна – присуствувал само најтесниот круг луѓе од царевото и од личното опкружување.
Новата жена била мошне скромна и внимателна, со своето однесување и со начинот на живот повеќе потсетувала на монахиња, одошто на царица. Поголемиот дел од времето го минувала во одаите и ретко излегувала надвор.
„Доаѓањето на царицата во женски манастир“, Василиј Суриков, 1912.
Според една верзија, на Грозни по една година едноставно му здодеало да живее во тој брак. И набргу Ана се нашла во Троица-Сергиевиот манастир, каде подоцна и починала.
Последната неофицијална животна сопатничка на царот била ќерка на руски пратеник Марија Нагаја. Тие не се венчале во црква, што значи дека, според законите од тоа време, не биле официјално сопружници. Поради тоа имала лоши односи како со царот, така и со жените на наследниците кои не ја сметале за царева сопруга, туку за љубовница. Иван Грозни, откако дознал за семејниот конфликт, застанал на страна на децата и на нивните жени, а на сопругата ѝ се заканил дека ќе ја испрати да ја изедат дивите ѕверки.
Марија Нагаја (веројатен портрет), 1612.
Во 1582 година Марија го родила синот Дмитриј. Две години потоа царот починал, а престолот го зазел Фјодор, синот на Грозни од првиот брак. Тој Марија со сина си ги испратил во Углич, каде што деветгодишното момче починало под неразјаснети околности.
Царот Борис и монахињата Марфа (Марија Нагаја). Незавршена слика на Николај Ге, 1874.
Ликовен музеј во СамараПо смртта на принцот многумина сакале да го искористат моментот и да се вовлечат во царското семејство. Се појавувале самозванци, претставувајќи се како Дмитриј (кој наводно не починал, туку по чудо преживеал). Најубедлив бил извесниот Григориј Отрепјев, кој толку добро се претворал дека е „воскреснатиот“ принц што во 1605 година Марија Нагаја го признала за син. Меѓутоа, една година подоцна се откажала од него. Кога излегло дека Лажниот Дмитриј (како што Отрепјев останал запаметен во историјата) е самозванец, на Марија ѝ бил одземен сиот имот и таа останала сиромашна. Починала во 1611 година, надживувајќи го сопругот 27 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче