Со текот на времето нивниот број пораснал на шест илјади. Како во некоја серија од жанрот фантастика, нив ги обединувале монашката послушност и заедничката црковна служба во храм затворен за останатиот свет, кој се наоѓал во утврдената царска резиденција. Стапувајќи во овој „ред“ многумина се откажале од своите семејства.
„Оприч“ значи „освен“. И пред Иван Горизни овој збор означувал остаток од имотот што го добивала вдовицата на починатиот кнез како своја лична сопственост. Сиот друг имот на кнезот го добивале неговите синови, „опирч“ оној дел што останувал на вдовицата. Тој дел од имотот се нарекувал „опричнина“.
Андреј Курпски, противник на Иван Грозни, опричниците ги нарекувал „кромешники“, алудирајќи на изразот на руски јазик „ад кромешни“ (несносен пекол) што тие го создавале. „Добро е познато дека во руските народни говори изразот 'кромешники' се користи за означување цела сила зли духови, како и битија кои го населуваат оностраниот свет“, пишуваат историчарите Игор Курукин и Андреј Буличев во истражувањето на секојдневието на опричниците. Така што опричниците, според изворната замисла на Иван Грозни, биле олицетворение на одмаздата.
Со помош на опричината Иван Грозни се борел против тогашните „олигарси“. Великопоседниците, пред сѐ угледните кнезови од династијата Рјурикович, ги контролирале приходите и населението на огромни територии. Тие давале отпор на воведувањето данок од страна на царот, на испраќање на чиновници од центарот на државата, сакајќи буквално да ги извршуваат сите работи со своја власт, како во старите времиња на кнезовите.
По повеќе од 15 години борба со елитата Иван Васиљевич донел максимално сурова одлука, за тоа територијата на царството да се подели на два дела: опричнина и земшчина. Во опричината ги зел само оние земји и она благородништво кои му се заколнало на лична верност. А, во земшчината ги сместил сите останати.
За царот претставувало проблем тоа што благородништвото слабо и нерадо учествувало во воените походи. А, токму кнезовите и болјарите ја сочинувале војската на рускиот цар. Овој недостаток јасно се покажал за време на Казањскиот поход. Најголемиот историчар на болјарството Александар Зимин потврдува: угледните војсководци непрекинато се расправале за тоа кој е подобар и кој кому треба да му биде потчинет. И во таквата распра губеле време, наместо да го заземат Казањ! Царот со голем напор ги разрешил овие спорови коишто се воделе за положбата во војската. А, тогаш му дошло преку глава, зашто со таква војска било невозможно рационално да се командува!
Царот вовел опричинска војска и во неа исто така ги собрал највисоките слоеви: кнезовите, благородништвото и „болјарските деца“ (ситното благородништво). Но, не од Москва, ами од древните градови: Суздаљ, Вјазма, Можајск и други. Царот Иван на војниците им наредил да му се пријават лично нему и самиот ги испрашувал за роднините, за службата и за врските. Притоа станувало збор за накрстно испитување, зашто други луѓе од истите области можеле да потврдат или да го негираат сведочењето на првите. Исто така биле испитувани и клучари, пекари, месари, коњушари, сите слуги коишто ќе служат во резиденцијата на „опричниците“, во нивните утврдувања и градови. Никој од земшчината не можел да биде вклучен.
Резултатот на тоа е што војската од опричниците секогаш била „без положба“ и што му се потчинувала исклучиво и лично на царот. Московските војводи и кнезови не можеле да командуваат со нив.
Од што живееле опричниците? Царот едноставно лично ја одбрал најдобрата земја на богатите кнезови и болјари, а нивните семејства ги истерал и им дал земја во другите краишта на царството. Тоа бил опричнички терор за уништување на московската елита.
Иван Грозни
Клавдиј Лебедев/Слободни извориПрипадниците на опричнината се заколнувале на верност: „Се колнам исто така дека нема да јадам ниту да пијам со земшчината и дека со нив нема да имам никаква врска“, сведочеле ливонците Јохан Таубе и Елерт Крузе, кои служеле во Москва. Опричникот Хенрих Штаден додал: „Според заклетвата опричниците не можеле да разговараат со земските, нити да стапуваат со нив во брак. А, ако опричник имал мајка и татко во земшчината, никогаш не смеел да ги посетува“. Опричниците самите строго внимавале овие правила да се почитуваат. Штаден забележал дека доколку затекнат колега да разговара со земски, другите опричници и двајцата ги убивале на место.
Таубе и Крузе забележале: „Кога опричник и земец... треба да се сретнат, опричникот го фаќа земецит за врат, го води на суд, иако никогаш порано не го видел и не разговарал со него, се жалел дека тој го посрамил како и опричнината; и иако великиот кнез знае дека тоа не се случило, на тужителот му се признавала правдата и тој го добивал целиот имот на тужениот, а овој го тепале, го воделе по улица, а потоа му ја отсекувале главата или го фрлале во зандана до смрт“.
„Опричниците (или избраните) морале при јавањето да имаат препознатлив и воочлив знак за распознавање: кучешки глави околу коњскиот врат и метла на дршката од камшикот. Тоа значело дека прво касаат како кучиња, а потоа го чистат сето излишно од земјата. Пешадинците сите морале да носат груба сиротинска или монашка одора поставена со овчко крзно, додека под облеката морале да имаат сукно извезено со злато поставено со крзно од куна или од самур“, пишуваат Таубе и Крузе. Треба да истакнеме дека коњите на опричникот не биле какви било. Не може секој коњ да оди, не обрнувајќи внимание на отсечена кучешка глава која му виси околу вратот.
„Сите браќа... мораат да носат долги црни монашки стапови со остри врвови, со кои ќе можат да соборат селанец, како и долги ножеви под горната облека со должина од еден лакт, па и подолги, со цел, кога ќе сакаат да убијат некого, да не мора да бараат џелати и мечеви, но да имаат кај себе сѐ подготвено за мачење и за погубување“, пишуваат тие.
Опричниците патролирале по улиците на Москва и во другите големи градови во чети од по 10-20 души. „Секоја чета ги целеше болјарите, државните луѓе, кнезовите и крупните трговци. Ниту еден од нив не ја знаеше својата вина, а уште помалку времето на својата смрт и воопшто дека се осудени за нешто. И секоја одеше, не знаејќи ништо, на работа, во суд или во канцеларија“, го опишуваат теророт на опричнината Таубе и Крузе.
Секако, не сите 1.000 или 6.000 опричници му припаѓаа на „монашкиот ред“. Од нив беше составен само врвот на опричнината – од 100 до 300 лица. Тие живееле со царот во Александровскиот реон и навистина според начинот на живот наликувале на монаси, меѓу кои Иван ја презел улогата на „игумен“.
Секое утро во 4 часот Иван Грозни заедно со „пономарот“ Маљута Скуратов ѕвонел на камбана. Целиот „близок опричниски двор“ веднаш се собирал во црквата. За оние што не се појавувале следувала казна: осум дена епитимија, без оглед на угледот и чинот. Од четири до седум часот царот и братијата пееле во црквата, потоа правеле пауза од еден час и од осум до десет продолжувале со пеењето. Потоа следувала трпезата: „Тој како игумен, останувал да стои, додека останатите јадат“, пишуваат Таубе и Крузе. „Секој брат треба да донесе пехари, садови и чинии на масата, и секому му се сервира јадење и пиење, мошне скапо од вино и мед, а што не може да се изеде и да се испие, треба да се однесе во садовите и во чиниите и да им се подели на сиромашните, но, како што најчесто се случувало, се носело дома. Кога трпезата ќе завршела, игуменот седнувал на масата. Потоа ретко се случувало да мине некој ден, а да не отиде во зандана каде секогаш се наоѓале многу стотини луѓе“.
По дневните работи кои навистина често се состоеле од сослушувања и истраги со мачења, царот заминувал на вечерна трпеза – таа била комбинирана со молитва и траела до 9 часот. „Потоа тој заминува во спалната соба, каде се наоѓаат тројца слепи старци кои го опслужуваат“, пишуваат Таубе и Крузе. Така завршувал денот на царот во опричнинската тврдина.
Опричнината не ја постигнала својата цел. Царот не успеал да ја разниша моќта на московските властодршци и на големите земјопоседници. Тој едноставно во земјата ги проширил „кромешниците“ или „војската на ѓаволот“, кои пред сѐ го пљачкале обичниот народ. Според пресметките на историчарот Степан Веселовски, на еден болјар или човек од царскиот двор оделе тројца-четворица обични спахии, а на еден државен службеник десетина луѓе од народот.
Во 1571 година Москва ја нападнал кримскиот хан Девлет-Гиреј. Опричнинската војска која до тој период веќе била целосно распадната едноставно се исплашила и не се појавила да го брани градот. Се собрал само еден полк Опричници, додека земшчината дала пет полка. Москва била запалена.
Потоа царот Иван ја укинал опричнината. Тогаш веќе имал големи проблеми кои, меѓу другото, ги предизвикала и опричнината: Заедницата на Полска и Литванија победила во Ливонската војна, додека Швеѓаните зазеле неколку утврдувања и одбиле да ги вратат. Царството на Иван Грозни го очекувала тешка доба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче