„Млад и енергичен работник, непрестајно ги усовршува своите знаења и искуство. Цврста и упорна во постигнувањето на своите цели. Директна и храбра. Активно се интересира за морнарицата... Бара, ужива авторитет меѓу другарите и подредените“, така контраадмиралот Фотиј Крилов зборуваше Нина Васиљевна Соколова, првата жена-нуркач во Советскиот Сојуз.
Соколова го извршила своето прво професионално нуркање во 1938 година за време на изградбата на пристаништето во Сочи, каде што била испратена како инженер-хидротехничар да води група нуркачи.
Тогаш нуркачката професија се сметала за исклучиво машка. Било планирано Нина Васиљевна целото време да го помине на брегот. Но, таквиот план не ѝ одговарал.
Соколова побарала да ѝ се обезбеди нуркачко одело (опрема за нуркање со шлем) за да може лично да го следи текот на работите под вода. Задачата не била лесна: опремата тежела над 80 килограми, а 26-годишната девојка немала ниту цели 50 килограми.
И на крајот, Соколова не само што успеала успешно да ја заврши задачата, туку и од дното на срцето се вљубила во нуркањето.
Трудољубива и истрајна во остварувањето на својата цел, Нина Васиљевна се изборила да биде примена на курс за професионални нуркачи. За да го постигне тоа, таа морала да стигне до самиот врв - дозволата ја дал лично Михаил Калинин, претседател на Президиумот на Врховниот совет на СССР.
За девојката бил дизајниран специјален костум за нуркање, но и тој бил прилично тежок. Во 1939 година, додека ја надгледувала изградбата на пристаништето во градот Поларни на брегот на Баренцовото море, таа редовно нуркала во ледената вода.
За време на тие работи Соколова за малку ќе загинела. „Беше студено. Требаше од крмата да се скокне во чамецот. Носеше кратка бундичка и валенки и таа промаши и падна во водата. Брзо ја извадија, а можеше да се замрзне. Така започна се. Ѝ дадоа да се напие алкохол“, се сеќава Марина, ќерката на Нина Васиљевна.
На Ладошкото езеро („Патот на животот“)
Александар Бродски/SputnikКога Германците летото 1941 година влегоа во СССР, Нина Соколова работела како инженер-хидротехничар во единицата за подводо-технички работи на спасувачката служба на Балтичката флота во Ленинград. На 8 септември непријателот го опколи градот.
Опкружен од сите страни со германски и фински трупи, Ленинград бил поврзан со копното само преку воден пат преку езерото Ладога. Населението било евакуирано од градот преку овој „Пат на животот“, а во градот биле доставувани храна и муниција.
Работата на нуркачите во овие услови била од огромно значење. Тие поставиле телефонски кабел на дното на езерото и го спасиле житото од потонатите скелиња.
Доставување храна со скеле (баржа) преку Ладошкото езеро
Борис Кудојаров/SputnikПролетта 1942 година Соколова ја изнела идејата за поставување на цевковод по дното на езерото Ладога за да се снабдува со гориво Ленинград. Измачениот град имал резерви за нешто повеќе од три месеци.
Дотогаш никој во светот немал искуство во изградба на слични подводни цевководи, но идејата на Нина Васиљевна сепак била одобрена во Кремљ.
Соколова учествува во истражувањето на дното и пронаоѓање оптимална траса за поставување на цевките. Тие дури морале да кренат во воздух потонато скеле што стоело на патот на идниот гасовод.
Поставувањето на цевките било вршено буквално пред носот на непријателот, под постојан артилериски оган и бомбардирање. Покрај тоа, ниту времето не било на нивна страна. Првиот ден, на езерото Ладога се кренал бурен ветер и брановите скинале и однеле еден километар заварени цевки.
Цевководот бил пуштен во употреба на 16 јуни 1942 година, по 43 дена работа. Бил долг 29 километри, од кои 21 километар под вода на длабочина од 35 метри.
Капацитетот на цевководот изнесувал околу 350 тони гориво дневно. Со него во Ленинград биле испорачани над 40000 тони бензин.
Летото и есента 1942 година Нина Васиљевна учествувала во поставувањето на високонапонски кабел за снабдување на опколениот град со електрична енергија. Тој станал познат како „кабелот на животот“. Во текот на работата Васиљевна била ранета во ногата и рамото.
По војната, како инженер-полковник на Воената морнарица, Соколова се занимавала со обнова на оштетените мостови и пристанишната инфраструктура во Ленинград и Талин. Подоцна била предавач.
Наградите на Нина Василиевна вклучуваат два ордени на Црвената звезда, Ордени на Татковинската војна од I и II степен и медали „За одбраната на Ленинград“ и „За воени заслуги“. Вкупно, во текот на својот живот таа поминала под вода 644 часа или речиси 27 дена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче