Како малиот Тајван се осмели да влезе во отворен конфликт со Советскиот Сојуз

Чанг Кај Шек, околу 1950-тата

Чанг Кај Шек, околу 1950-тата

Central Press/Hulton Archive/Getty Images
Морнари на грабнат советски брод добија статус на воени заробеници, беа слабо хранети, тепани или пак им беа давани мито и ветувања за безгрижен и лесен живот на Запад. Еднаш дури им беше кажано дека Третата светска војна веќе започнала и дека ако не ја сменат страната, едноставно ќе бидат стрелани.

Во втората половина на 1930-тите Москва интензивно ја поддржуваше владејачката партија Куоминтанг на Чанг Кај Шек, која даваше отпор на јапонската агресија. Меѓутоа, подоцна нивните патишта се разидоа. СССР застана на страната на комунистот Мао Це Тунг, а довчерашните пријатели станаа непријатели.

Во 1949 година Народноослободителната армија на Кина ги протера приврзаниците на Чанг Кај Шек од копнениот дел на земјата на островот Тајван, но тие не го прифатија поразот. Откако ја обезбеди поддршката од американските сојузници, куоминтанговците се обидоа да ѝ воведат поморска блокада на Народна Република Кина и ги задржуваа странските товарни бродови што одеа кај комунистите. По конфискувањето на товарот, бродовите обично ги ослободуваа.

Чанг Кај Шек единствено се плашеше да ги гиба советските бродови. Меѓутоа, тој страв исчезна пролетта 1953 година, кога умре Сталин и во СССР започна борбата за власт.

Советскиот танкер „Туапсе“, во мај 1954 година кој исплови од Одеса, превезуваше за Шангај десет илјади тони авионски керозин наменет за Военото воздухопловство на Народна Република Кина. Кога веќе беше блиску до својата дестинација, го пресретнаа два тајвански разурнувачи.

Некои морнари на овој брод успеаја да се вратат дома дури 34 години по инцидентот.

Дознајте повеќе: Зошто Тајванците заробија советски танкер?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња