Како руски авантурист ги убеди Французите дека е принц на (непостоечкото) Голкондско царство

Ирина Баранова
А за мистификацијата да биде уште поубедлива, тој измислил дури и голкондски јазик на кој одговарал на сослушувањето.

А уште го нарачал грбот на својата империја од париски златар. И детално го разработил државното уредување на своето непостоечко царство, осмислил пари, симболи, титули, универзитети и други работи.

Можно е Иван Тревогин од Харков да ја наследил својата склоност кон патувања и авантури од својот татко, иконописец кој редовно ја оставал сопругата дома со три малолетни деца и заминувал да слика храмови во селата, со неизбежно опивање. По едно пијанство се удавил.

За несудениот принц на измислената држава се напишани неколку историски белешки и авантуристичка повест. Сите истражувачи се воодушевени од фактот дека овој авантурист не се стремел кон богатство и слава, туку пред сé кон стекнување и ширење знаења.

Дознајте повеќе: Како момче од руска провинција среде Париз се правел принц на непостоечко царство?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња