Станислав Петров, 1999 година.
Legion MediaДокументарецот што е снимен за него се вика „Човекот кој го спаси светот“, но Станислав Петров беше скромен советски офицер и инсистираше на тоа дека неговото јунаштво се преувеличува, дека тој едноставно „беше на вистинското место во вистинско време“.
Тоа се случи на 26 септември 1983 година во затворената воена база Серпухов-15, каде што се наоѓаше командниот центар на системот за рано откривање на лансирање на интерконтинентални балистички ракети. Петров беше на смена кога системот ги извести службениците дека се лансирани шест американски ракети. Ако Вашингтон навистина го притиснал копчето, тоа значеше дека започнува нуклеарна војна.
Односите меѓу двете нуклеарни суперсили во тоа време беа речиси катастрофални. Само три недели пред овој инцидент, СССР собори корејски „Боинг“ над Сахалин, кој скршна од својата траекторија за 500 километри и влезе на територијата на Советскиот Сојуз. Веднаш по овој инцидент американските медиуми го нарекоа СССР „империја на злото“, а претседателот Роналд Реган се залагаше за борба против неа. Со оглед на меѓусебните закани, нуклеарната војна изгледаше како нешто што навистина може да се случи.
Петров требаше да процени дали САД навистина лансирале ракети или не. Неговиот компјутер рече дека лансирале, и на сите 30 нивоа на системот беше потврдено дека е извршен напад. Имаше само 15 минути да им го соопшти тоа на претпоставените.
Доколку им поверуваше на компјутерите, ќе им јавеше на советските власти да возвратат во полна мера и да уништат речиси половина од населението на САД. Тоа ќе беше почеток на Третата светска војна.
Не им поверува...
Дознајте повеќе: Кога трепкаа црвените лампички: Советскиот офицер кој спречи Трета светска војна
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче