Германски војници кај Харков во мај 1942 година.
Roger Viollet/Getty Images„Поради исклучителната големина на територијата на Русија, апсолутно е невозможно нејзино целосно освојување“, истакнуваше началникот на Врховната команда на Вермахтот, фелдмаршал Вилхелм Кајтел за време на подготовката на нападот врз Советскиот Сојуз.
Планирано беше Црвената армија да биде поразена за 6-10 недели и по нејзиниот колапс германските трупи да стигнат до линијата Волга-Архангелск. Според планот на операцијата „Барбароса“, таму требаше да се направи заштитна „бариера против Азиска Русија“. „Последното индустриско подрачје што им останува на Русите на Урал ќе може да се неутрализира со помош на авијацијата“, пишуваше во документот.
Меѓутоа, по значајните воени успеси на Вермахтот, оваа оперативно-стратешка граница брзо беше поместена на исток, сè до планините Урал. „Безбедноста на Рајхот ќе биде обезбедена дури кога ниту една туѓа воена единица нема да остане западно од Урал; за безбедноста на тој простор... ќе се грижи Германија“, изјави Хитлер на 16 јули 1941 година.
Се претпоставуваше дека скршениот СССР без кавкаската нафта (наоѓалиштата во Сибир сè уште не беа откриени) едноставно ќе исчезне од политичката карта на Европа, а неговите остатоци во никој случај нема да претставуваат закана за Германија. Покрај тоа, Русите ќе го изгубат и целиот Далечен Исток и дел од Сибир, сè до Бајкалското езеро, бидејќи сето тоа, според стратешкиот план „Кантокуен“, требаше да биде окупирано од Јапонија.
Хитлер планираше да ги награди и своите европски сојузници - на Финците да им ги препушти јужна Карелија и територијата на Ленинград (откако ќе биде срамнет со земја), а на Романците Бесарабија и дел од Украина.
Прочитајте повеќе: Што ќе направеше Хитлер со населението на СССР доколку победеше?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче