„Наследникот од Калкута“ - романот што му помогна на својот автор да го преживее Гулагот

Russia Beyond (Бессмертный барак; Детгиз, 1958)
XVIII век. Пирати го запленуваат бродот со кој плови наследник на грофовска титула од Калкута за Англија. Еден од пиратите му ги одзема документите на грофот и го продолжува патувањето под неговото име и со неговата свршеница. Тоа е заплетот на авантуристичкиот роман што му помогна на неговиот автор да го преживее Гулагот!

Роберт Штилмарк (имаше германски и шведски корени) беше советски писател и новинар, црвеноармеец и учесник во Втората светска војна. И дури во април 1945 година, еден месец пред крајот на војната, Роберт беше уапсен и осуден на десет години логор според член 58-10 „контрареволуционерна агитација“ или, како што се зборуваше меѓу народот, „за дрдорење“.

Роберт Штилмарк

Во логорот политичките затвореници ја издржуваа казната заедно со обичните криминалци кои од затворската управа добиваа друи и „раководни должности“. Се случи еден од нив да посака да стане автор на историски роман, кој, се разбира, ќе го напише некој друг. Василиј Васиљевски некаде слушнал дека Сталин сака такви книги и сакал како автор да му испрати таков „подарок“ за да добие амнестија или барем да му се скрати отслужувањето на казната.

Штилмарк се согласи да напише роман. Работеше над книгата 14 месеци, по 20 часа секој ден, „на светлината на петролејка, во зафрлена земјанка во тајгата, без никакви белешки, без да гледа во карта или книга“, но затоа беше ослободен од сечење на шумата во поларниот круг со замрзнати прсти, а можеби и го преживеа кампот.

Дознајте повеќе за судбината на романот „Наследникот од Калкута“!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња