Дали знаете дека руските хулигани наречени гопници се појавиле во Санкт Петербург?

Георгиј Сошаљски/МАММ/МДФ
Името потекнува од Државното друштво за згрижување (Государственное общество призора, ГОП) во Санкт Петербург, кое служело како сиропиталиште за деца без родители и малолетни деликвенти. Тие деца и ја присвоија кратенката ГОП.

Тоа друштво за згрижување кон крајот на XIX век било сместено во едно здание на некогаш луксузниот хотел „Знаменски“ (денешен хотел „Октомвриска“, во центарот на градот, спроти Московската железничката станица.

По револуцијата од 1917 година, зградата беше национализирана, но ја задржа старата намена и кратенката. Само името беше сменето, и сега тоа беше Државниот дом на пролетаријатот (Государственное общежитие пролетариата).

Но, во текот на 1920-тите во него не живееја работници, туку од деца без надзор. Момчињата кои овде ноќеваа за себе велеа дека се „ГОПници“ и придонесоа на населбата Лиговка, каде што се наоѓаше домот, да биде на лош глас.

Дознајте повеќе за оваа руска маргинална супкултура

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња