Типична група гопници (припадници на руската маргинална супкултура првенствено формирана од сиромашни луѓе од работничката класа). Околината на Тјумен, почетокот на 2000-тите.
Public domain„Уште пред воведувањето на високите технологии јас платив неколку пати со мојот мобилен телефон“, понекогаш се шегуваат Русите на интернет. Таа шега можат да ја разберат луѓето кои биле млади во 1990-тите и 2000-тите. Тогаш, имено, „гопниците“ им втеруваа страв во коските на добро воспитаните граѓани со тоа што во темните влезови со закана со ќотек им ги грабаа мобилните телефони, а во тоа време тоа беше дефицитарна роба. И грабаа и други вредни работи, или само готовина. Таквите напади во рускиот уличен жаргон се нарекуваат „гоп-стоп“.
Незгрижени деца, бездомници.
Георгиј Сошаљски/МАММ/МДФВо Речникот на живиот голем руски јазик од Владимир Даљ, руски лексикограф и собирач на народен фолклор (првото издание е објавено во 1863-1866 година), зборот „гоп“ значи „скок, удар“. Од друга страна, во текот на 1850-тите Даљ составил и помал речник на жаргонот на крадците наречен „Условен речник на петербуршките измамници познат како музика или јазик од бајките“. Таму постои збор „гопать“ која значи „да ноќева на улица“.
Знаменски плоштад. Хотел.
Public domainТаквото значење не е во спротивност со попопуларната верзија на потеклото на зборовите „гоп“ и „гопник“, според која тоа е кратенка од Државното друштво за згрижување (Государственное общество призора, ГОП) во Санкт Петербург. Кон крајот на XIX век тоа друштво било сместена во зградата на некогаш луксузниот хотел „Знаменски“ (денешен хотел „Октомвриска“, во сувиот центар на градот, спроти Московската железничка станица. Тоа било сиропиталиште во кое се испраќале сиромашни деца без родители и малолетни криминалци.
Ленинград. Плоштад на востанието. Хотел „Октомвриска“, 1935.
Public domainПо револуцијата од 1917 година зградата била национализирана, но ја зачувала старата намена и кратенката. Само името е сменето и сега тоа е Државниот дом на пролетаријатот (Государственное общежитие пролетариата), но во текот на 1920-тите таму не живееле работници, туку деца без надзор. Поради граѓанската војна во Русија, епидемиите и повеќегодишниот недостиг на храна, имало многу незгрижени деца и бездомници. Момчињата кои ноќевале овде за себе велеле дека се „ГОПници“. Тие не биле ангажирани во производството, па се занимавале со ситни кражби, хулигански напади и грабежи. Така само придонеле за лошиот глас на населбата Лиговка, каде што се наоѓал домот.
Лиговка
Public domainДодуша, Лиговка и без нив важела за најопасно и најозлогласено место во Ленинград. Во криминалните хроники често фигурирала како место на злосторства што ја потресувале целата земја, без разлика дали се работело за групно силување или ѕверско убиство на инспектор на милицијата. Криминалот во Лиговка го искоренила Паулина Онушонок, првата жена на функцијата началник на одделението на милицијата во СССР. Таа го решила и проблемот со детскиот криминал и децата без надзор, во градот и во целата држава. Се смета дека благодарение на нејзиниот ангажман во 1935 година во милициските станици биле воведени одделенија за малолетници. Таму работеле на превоспитување на малолетните хулигани.
Ленинград, 1928.
Public domainТака Паулина Онушонок успеала да ја рехабилитира репутацијата на Лиговка, а „гопниците“ од центарот на градот се „преселиле“ на периферијата, во станбените населби.
Во текот на деведесетите гопниците повторно се „намножија“ за време на кризата, а многумина и ден-денес ги паметат по лошо. Во денешно време, за среќа, таа појава е многу поретка, иако не е целосно искоренета. Денеска почесто ќе ги сретнете во вицевите, книжевните дела и филмовите отколку на улица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче