Михаил Фјодорович и Евдокија Стрешнева
Третјаковска галерија; Државен историски музејРодоначалникот на династијата Романови, Михаил Фјодорович, среќно се оженил дури од трет обид. Неговата прва сопруга Марија Хлопова не била по волја на мајката на царот. Брзо се нашле клеветници кои прогласиле дека Марија има „слабo здравје“ и кутрата девојка била прогонета во Сибир. Првата законска сопруга на царот Михаил, Марија Долгорукова, починала шест месеци по венчавката. Кога имал 30 години царот се оженил по вторпат. Едвокија Стрешнема за 19 години среќен брак му родила десет деца. Низ историјата не се зачувани никакви податоци за љубовници на царот зашто веројатно побожниот монарх не ги ни имал.
Портрет на царот Алексеј Михајлович. Крај 1670-тите и почеток 1680-тите
Државен историски музејСинот на Михаил Фјодорович Алексеј Михајлович исто така имал два брака и шестнаесет деца од обете сопруги. Според верзијата на Ирина Воскресенскаја, авторка на книгата „Миленичките на рускиот престол“, благочестивиот монарх „за овој луксуз, односно за љубовници, немал нити време, ниту можности“.
Фјодор Алексеевич Романов; царицата Марфа Матвеевна
Музеј Ермитаж; Руски музејТри сина на Алексеј Михајович биле цареви. Најстариот Фјодор Алексеевич стапил на тронот на 15 години, но починал на 20. И покрај тоа што бил млад, владеел сам, без регенти и фаворити, и самостојно носел политички одлуки.
За првпат се оженил на 19 години, и тоа со Агафја Грушецкаја која многу ја сакал, но по една година станал вдовец зашто сопругата и новородениот син починале набргу по породувањето. Вторпат се оженил на 2o години, само две месеци пред својата смрт. Фјодор толку многу ја сакал својата прва сопруга што, според мислењето на историчарот Василиј Татишчев, неговата втора жена Марфа Апраксина по неговата смрт и понатаму била девица.
„Госпоѓата царица наша, како што многумина сигурни потврдија, по неговата смрт остана чедна, и го мина животот свој во добрини, 1715 година на Неговото Величество му се придружи“, пишува Татишчев.
Портрет на царот Иван V
Руски музејПо смртта на Фјодор Алексеевич неговите помлади браќа Иван и Петар (идниот император Петар Први) станале совладетели, а за регент била именувана нивната постара сестра Софија. Иван Петти имал слабо здравје, и според некои извори страдал од епилепсија. Кога имал 19 години го ожениле за Прасковја Салтикова која му родила пет ќерки. Иван кон својата сопруга се однесувал внимателно и со длабока почит. Починал на 30 години слеп и парализиран. А, кога станува збор за Петар (1672-1725), тој, за разлика од своите побожни роднини, имал мноштво вонбрачни врски.
Петар II, сликар Г. Д. Молчанов (18. век, Третјаковска галерија)
Третјаковска галеријаВнукот на Петар Први, императорот Петар Втори, не успеал да се ожени. Стапил на престолот на 11, а починал на 14 години. Сепак, и во својот толку кус живот имал две невести што му ги избрале достоинствениците.
Иван VI руски со мачка
Public domainОвој малолетен цар Иван VI Антонович, правнук на Иван V, „царувал“ една година како дете. Неговите роднини на таа возраст не правеле никакви планови за брак на малиот цар. Иван, неговата мајка и Ана Леополдовна, која себеси се прогласила за регент, ги свргнала Елизавета Петровна, ќерката на Петар Први, во 1741 година. Остатокот од животот Иван VI го минал во заточеништво.
1865 Принцот Александар Александрович/Марија Мeшчерска (1864)/ царицата Марија Фјодоровна, Хајнрих фон Ангели (1874, Ермитаж) .
Public domain; Музеј ЕрмитажСе смета дека последните двајца руски императори Александар III и неговиот син Николај II биле примерни сопрузи.
Александар како момче бил вљубен во Марија Мешчерскаја, дворската дама на својата мајка, царицата Марија Александровна. Оваа девојка била неговата прва љубов. Кога во 1865 година од менингитис починал неговиот постар брат Николај, Александар требал да стапи на престолот, и по правило, да ја наследи невестата на братот, данската принцеза Дагмар, идната царица Марија Фјодоровна. Меѓутоа, Александар толку ја сакал Мешчерскаја што помислувал да се ожени за неа и да се откаже од престолот.
„Јас секоја вечер сесрдно го молам Бога да ми помогне да се одречам од престолот и, ако е можно, да си ја најдам среќата со драгата Дусењка. Но, ме мачи тоа, и се грижам многу за М.Е. (Марија Елимовна – заб. авт.), дека, кога ќе дојде време за одлуката, таа ќе се откаже од мене и тогаш сѐ ќе пропадне“, напишал Александар во својот дневник на 17 мај 1866 година.
Историчарот Александар Боханов тврди дека великиот кнез и Мешчерскаја немале интимни односи. Наследникот не гледал таков развој на настаните надвор од бракот. „Тоа беше искрена и недопрена природа којашто не прифаќаше и не разбираше како може да се влезе во врска со жена без љубов. А, љубов значи брак, и тоа за сиот живот. Во тоа немаше сомнеж“, пишува Боханов во својата книга „Марија Фјодоровна“. На крајот Александар се потчинил, ја исполнил должноста, стапил во династички брак со принцезата Дагмар, и ѝ бил верен сопруг до крајот на својот живот.
Царот Николај II и царицата Александра Фјодоровна. 1896/ Руската балерина Матилда Кшесинскаја.
Public domainПоследниот руски цар пред свршувачката со Алиса од Хесен, внука на британската кралица Викторија, бил во врска со балерината на Мариинскиот театар Матилда Кшешинскаја. Оваа епизода од животот на Николај Втори дала повод за гласови дека балерината наводно му родила син на принцот, а исто така послужи како инспирација за провокативната мелодрама „Матилда“ (2017) на режисерот Алексеј Учитељ. Филмот предизвика големо негодување во јавноста зашто ги доведе во прашање моралните вредности на канонизираниот цар. А, историчарот Пјотр Мултаули инсистира на тоа дека односите на принцот со Кшесинскаја имале платонска природа.
Поголемиот дел историчари се слагаат дека царот Николај Втори Романов немал врски надвор од бракот. Царското семејство живеело во голема љубов и хармонија, и во текот на целиот живот тие ја прославувале годишнината од нивната свршувачка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче