Дали е точно дека советските авиони го бомбардирале Стокхолм во 1944 година?

Бомбардери на 14 воздушна армија, поддршка на Волховскиот фронт, при пробојот на блокадата на Ленинград.

Бомбардери на 14 воздушна армија, поддршка на Волховскиот фронт, при пробојот на блокадата на Ленинград.

Григориј Чертов/Sputnik
Ноќта спроти 22 февруари 1944 година, жителите на неутрална Шведска помислија дека Втората светска војна стигна и до нив. Воени авиони на непозната држава го бомбардираа Стокхолм и неговите предградија.

Бомбите паднаа врз различни делови на шведската престолнина. Една го уништи новоотворениот театар, оставајќи зад себе јама длабока три метри. За среќа, во нападот беа ранети само неколку луѓе, и немаше жртви.

Врз основа на фрагментите од гранатите, Швеѓаните утврдија дека нападот го извршила советската авијација, очигледно поради грешка во навигацијата. Во тоа време, Военото воздухопловство на Црвената армија интензивно ја бомбардираше јужна и југозападна Финска, па неговите бомбардери можеле да залутаат во темната зимска ноќ.

Швеѓаните испратија барање до советската страна за објаснување на ситуацијата, но Москва одби да го признае учеството на своите авиони во нападот на градот, макар и ненамерно. Советските дипломати изјавија дека тоа веројатно е провокација зад која стојат Финците или Германците.

Постои верзија дека нападот на Стокхолм (ако бил извршен од Военото воздухопловство на Црвената армија) во никој случај не е резултат на грешка во навигацијата, туку намерно бил организиран од Москва по повод случајот со советскиот разузнавач Василиј Сидоренко.

Во 1942 година Сидоренко беше уапсен во Шведска за шпионажа и осуден на дванаесет години затвор. Советското раководство повеќе пати апелираше до Швеѓаните и бараше негово итно ослободување, но сите барања беа одбиени. Кога дипломатските методи беа исцрпени, СССР, според поддржувачите на оваа верзија, одлучил да употреби сила.

Можеби тоа е само случајно совпаѓање, но само три дена по бомбардирањето на Стокхолм Сидоренко беше пуштен на слобода од здравствени причини и набрзо ја напушти земјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња