Швеѓаните на 22 февруари 1944 година имаа впечаток дека се наоѓаат во жариштето на војната. Непознати авиони го бомбардираа Стокхолм и гратчето Стренгнес.
Неутралната Шведска која речиси 150 години отворено немаше учествувано во ниту еден вооружен конфликт, беше во шок. Шрапнелите беа идентификувани и излезе дека се советски. Беше поставено прашањето дали тоа било грешка или започнала инвазија на Советскиот Сојуз на Шведска.
Шведската противвоздушна одбрана беше сосема беспомошна кога во темната зимска вечер во 20 часот на небото над Стокхолм се појавија четири непознати странски бомбардери. Авионите исчезнаа во темнината, а Швеѓаните без ноќна радарска опрема не можеа да ги следат.
Театар на отворено по бомбардирањето од 22 февруари 1944 година.
Public domainСамо една противвоздушна положба во централниот дел на Стокхолм имаа воочено авион на радарот, но додека екипажот се обидел да сфати за што всушност станува збор и дали треба да отвори оган, авионот веќе исчезнал.
Бомбите почнаа да паѓаат на разни делови околу овој град, за првпат во историјата на шведската престолнина. Една од нив тешка 100 килограми го уништи новиот театар под отворено небо и остави огромен кратер длабок три и широк шест метри. Покрај Стокхолм беше нападнато и гратчето Стренгнес кое се наоѓа неколку километри западно од главниот град на Шведска.
Последните бомби експлодираа во еден часот по полноќ, а потоа мистериозните бомбардери одлетаа во правец на Балтичкото море. За среќа, никој не загина. Само двајца шведски војници беа повредени.
Анализата на шрапнелите со натписи на кирилица покажаа дека Стокхолм го бомбардирале советски авиони. Набргу излезе дека не постоела закана од советска инвазија, но и денес се поставува прашањето со која цел е извршен овој напад.
Советската авијација во февруари 1944 година масовно ја бомбардираше Финска. Особено интензивни беа нападите на Хелсинки, Турку и Котка, но бомбардерите стасаа и до Маријехамн на Оландските острови, што веќе е многу близу до Шведска.
Бомби паѓаат на Стокхолм за првпат во историјата. Заменикот на шефот на реонот Садермалам со шрапнел долг еден метар.
Public domainПоради тоа Швеѓаните изведоа заклучок дека нападот на Стокхолм бил грешка и дека советските бомбардери едноставно заталкале во таа темна зимска ноќ. Слични инциденти имало и претходно. На пример, во 1940 година советски авиони за време на Зимската војна, случајно го бомбардирале Пајала на северот од Шведска. Всушност, грешки нема правено само СССР. Британската авијација по грешка го бомбардираше Малме (1940) и Лунд (1943).
Швеѓаните побараа објаснување, но Советите негираа каков било напад на шведската територија, дури и напад кој бил изведен по грешка. „Воздушниот напад на Стокхолм, според сè, бил провокација на германското или на финското воено воздухопловство“, додадоа советските дипломати.
Шведска официјално го објасни овој настан како грешка во навигацијата на авион на военото воздухопловство на СССР. Шведското раководство беше револтирано со тоа што СССР не сакаше да ја признае својата вина, за разлика од Англичаните кои се извинија.
Сите не поверуваа на официјалната верзија. Изнесена е претпоставка дека советскиот напад бил предупредување за Шведска и порака на да ѝ укажува помош на Финска и да не испраќа таму свои доброволци, како што тоа го правеше во текот на Зимската војна.
Февруари, 1944 година.
Getty ImagesОфицерот на шведската разузнавачка служба Торе Форсберг бил уверен дека Советите го нападнале Стокхолм за да ги принудат Швеѓаните да ги ослободат советскиот шпион Василиј Сидоренко. Сидоренко беше уапсен во 1942 година поради шпионажа, делумно во врска со поставувањето тенковска дивизија во Стренгенес кој две години подоцна неочекувано стана цел на советскиот напад (Борис Григорјев, Торе Форсберг „Шпионот Емељан“, Стокхолм, 2006).
Швеѓаните го осудија Сидоренко на 12 години затвор и ги одбија сите барања на СССР да го ослободат. „Вие го оставивте Сидоренко да умре од глад и малтретирање. Слободен Сидоренко е она што го бараме на прво место“, изјави советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов на претставникот на шведската дипломатија Вилхелм Асарсон (Вилхелм Асарсон, „Во сенката на Сталин“, 1963).
Последици од бомбардирањето
Public domainШвеѓаните исто така алудираа на тоа дека шефот на советската државна безбедност и на тајната полиција Лаврентој Берија лично бил заинтересиран за случајот на Сидоренко.
Доколку советскиот напад имал такви цели, може да се каже дека ги постигнал. Шведска не ѝ даде помош на Финска, а Василиј Сидоренко беше пуштен четири дена по бомбардирањето на Стокхолм.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче