Ерих Хартман
Јавен доменПрвиот пат во рацете на советската војска Хартман падна на 19 август 1943 година на подрачјето на градот Сталино (Донецк). По воздушна битка беше принуден со својот „Месершмит“ принудно да слета на непријателска територија.
Кога виде дека му се приближуваат војници на Црвената армија, пилотот се преправаше дека е ранет. Го ставија на носилка и го сместија во камион кој одеше за штабот.
Хартман чекаше момент да го нападне единствениот стражар на конвојот и да го онесвести. Потоа скокна од возилото и се скри во нива меѓу високи сончогледи. При преминувањето на линијата на фронтот за малку ќе беше убиен од германски војник кој не поверува дека пред него се наоѓа пилот на „Луфтвафе“.
Вториот пат Ерих Хартман се најде во советско заробеништво пред крајот на војната пролетта 1945 година. Овој пат му било судено да се задржи подолго. Германскиот ас се врати во својата земја дури во 1955 година.
Ерих Хартман 1922 година
ullstein bild/Getty ImagesПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче